Спорт
Дончиќ како Кари во 2010, нов блесок на Јокиќ, Харден се изрезили (видео)

Стеф Кари, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Џејмс Харден индивидуално ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Голден стејт Вориорс победија во Далас 119:114, благодарение на серијата 7:0 во самиот финиш на натпреварот. Далас Маверикс не ги реализираа последните осум обиди од поле.
Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 48 поени, тој постигна 11 тројки од 19 обиди. На другата страна блескаше Лука Дончиќ со 26 поени (5-10 за три), 6 скока и 5 асистенции. Ова беше четврти натпревар во низа на кој Слоенецот постигнува најмалку 25 поени. Последен дебитант кој имал вакво оставарување бил Кари во 2010 година.
Во драматичен меч, со поените на Џамал Мареј од линијата за слободно фрлања Денвер Нагетс ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 116:113. Србинот Никола Јокиќ го обележа натпреварот со 40 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Хјустон Рокетс гостуваа кај Орландо. Магичните забележаа победа 116:109, а дуелот го обележа катастрофалниот шут на Џејмс Хареден за три поени.
Ѕвездата на Хјустон погоди само една тројка од 17 обиди, што претставува најлоша реализација во историјата на лигата. Инаку „Брадата“ мечот го заврши со 38 поени, 12 асистенции и 9 скока.
Харден го одигра 16.натпревар на кој постигнал 30 или повеќе поени и го израмни рекордот на Коби Брајант од сезоната 2002/2003.
James Harden missed 16 threes (1-17).
It ties the most missed threes in a game in NBA history (Damon Stoudamire), and it’s the worst 3-point FG pct in a single game in NBA history (min. 15 attempts). pic.twitter.com/u0s4aJyiZp
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) January 14, 2019
SIXTEEN straight 30-point games.
Harden’s just on a different planet right now 🔥 pic.twitter.com/5rSS9ub9Rv
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) January 14, 2019

Стеф Кари, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Џејмс Харден индивидуално ја обележаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Голден стејт Вориорс победи во Далас 119:114 благодарение на серијата 7:0 во самиот финиш на натпреварот. Далас Маверикс не ги реализираа последните осум обиди од поле.
Стеф Кари го предводеше Вориорс со 48 поени, тој постигна 11 тројки од 19 обиди. На другата страна блескаше Лука Дончиќ со 26 поени (5-10 за три), 6 скока и 5 асистенции. Ова беше четврти натпревар во низа на кој Словенецот постигнува најмалку 25 поени. Последен дебитант што имал вакво оставарување бил Кари во 2010 година.
Во драматичен меч, со поените на Џамал Мареј од линијата за слободно фрлање, Денвер Нагетс ги совлада Портланд Трејлблејзерс 116:113. Србинот Никола Јокиќ го обележа натпреварот со 40 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Хјустон Рокетс гостуваше кај Орландо. „Магичните“ забележаа победа 116:109, а дуелот го обележа катастрофалниот шут на Џејмс Хареден за три поени.
Ѕвездата на Хјустон погоди само една тројка од 17 обиди, што претставува најлоша реализација во историјата на лигата. Инаку, Брадата мечот го заврши со 38 поени, 12 асистенции и 9 скока.
Харден го одигра 16. натпревар на кој постигна 30 или повеќе поени и го израмни рекордот на Коби Брајант од сезоната 2002/2003.
James Harden missed 16 threes (1-17).
It ties the most missed threes in a game in NBA history (Damon Stoudamire), and it’s the worst 3-point FG pct in a single game in NBA history (min. 15 attempts). pic.twitter.com/u0s4aJyiZp
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) January 14, 2019
SIXTEEN straight 30-point games.
Harden’s just on a different planet right now ? pic.twitter.com/5rSS9ub9Rv
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) January 14, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

