Спорт
Дортмунд му нудат нов договор на тренерот Фавр
Борусија Дортмунд сакаат да го обврзат тренерот Лусиен Фавр со нов договор, потврдува извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Вацке и покрај вчерашната елиминација во ДФБ купот од Вердер.
Фавр доби двегодишен договор пред сезоната 2018/19, и ги предводеше „милионерите“ до предност од седум поени на врвот на Бундеслигата и пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Вацке вели дека преговорите со Швајцарецот траат, но дека нема брзање.
„Логично е да зборуваме за продолжување на договорот бидејќи тој едноставно врши добра работа. Соработката е прекрасна и сакаме да продолжи така. Тимот се развива според планот и тоа е заслуга на Лусиен. Нема крајни рокови, ќе најдеме вистинско време за договор. Нема притисок“, вели Вацке за „Спорт билд“.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клучна битка на ПСЖ и Сити за место во плејофот
Вториот ден од претпоследното коло во реформираната ЛШ носи неколку потенцијално атрактивни дуели, но фокусот на јавноста ќе биде ставен на пресметката помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Сити во Париз.
Поради големината на двата клуба, нивните буџети, амбициите… и пред се лошите резултати сезонава во ЛШ, постои реална шанса некој од овие тимови да не избори пласман во втората фаза.
ПСЖ по шест рунди се надвор од плејоф зоната. Тимот на Луис Енрике е 26. на табелата. За ПСЖ победата е императив, евентуален пораз сигурно ќе ги елиминира од ЛШ.
Подобро рангирани се „граѓаните“, на табелата се на 24.место, но Пеп Гвардиола и неговиот тим не се сигурни за место во втората фаза.
ЛШ, 7.коло:
Лајпциг – Спортинг 18.45
Шахтјор – Брест 18.45
ПСЖ – Манчестер Сити 21.00
Милан – Џирона 21.00 часот
Реал Мадрид – Салцбург 21.00
Арсенал – Динамо 21.00
Селтик – Јанг Бојс 21.00
Спарта – Интер 21.00
Феенорд – Баерн 21.00
Спорт
Нури Шахин повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд
Челниците на Борусија Дортмунд му врачија отказ на тренерот Нури Шахин по поразот од Болоња со 2:1 во Лигата на шампионите. Болоња во претпоследното коло ја забележа првата победа во елитното натпреварување, додека Борусија ја продолжи лошата серија. „Милионерите“ немаат победа во 2025 година, во серија се од четири несупеси.
„Сакавме Нури да биде долгорочно решение. Сепак, по четири последователни порази во сите натпреварувања, бевме принудени на овој чекор. Ќе мораме да бараме некој друг кој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, изјави спортскиот директор Ларс Рикен.
Се уште не се знае кој ќе ја предводи Борусија Дортмунд на натпреварот против Вердер Бремен овој викенд во Бундеслигата.
Борусија има биланс од четири победи и три порази во Лигата на шампионите и речиси сигурно ќе игра во плејофот за пласман во осминафиналето.
Поголем проблем може да биде Бундеслигата каде Борусија е на десеттото место со седум победи, четири нерешени и четири порази. Заостануваат 20 бода зад лидерот Баерн.
Спорт
„Ако постигнував гол од секоја шанса ќе бев во Реал Мадрид, не во Црвена звезда“
Фудбалерите на Црвена звезда, во седмиот меч го забележаа шесттиот пораз во Лигата на шампионите. Српскиот првак синоќа загуби од ПСВ со 2:3.
Црвена звезда се само уништи прптив тимот од Ајндховен. Во првиот дел гостите изведоа три корнери и постигнаа три гола. Во вториот дел црвено-белите го поправија впечатокот, но не успеаја да го избегнат поразот.
Прашање е во кој правец ќе одеше натпреварот доколку Шериф Ндиај во 14.минута, при резултат 0:0 постигнеше гол. Голманот Бенитез го одбрани неговиот удар, во ситуација кога напаѓачот имаше слободен соирач на втората статива.
„Знаете, секој пат кога ќе пропуштам шанса, сите зборуваат за тоа. Но, тоа не е нешто што го правам намерно. Ако можам да постигнам гол, тоа и го правам. Да постигнувам гол од секоја шанса, не би бил тука, би бил во Реал Мадрид“, изјави играчот на црвено-белите.