Спорт
Дурент го уништи Кавалирс, ГСВ на чекор до нова титула (видео)
Кошаркарите на Голден стејт Вориорс се на чекор до одбрана на титулата во НБА лигата, откако славеа и во третиот меч од серијата против Кливленд Кавалирс. Вориорс, како гости, славеа во Охајо со 110:102. Меч-винер беше Кевин Дурент кој постигна 43 поен…

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс се на чекор до одбрана на титулата во НБА-лигата кога славеа и во третиот меч од серијата против Кливленд Кавалирс. Вориорс како гости славеа во Охајо со 110:102. Меч-винер беше Кевин Дурент, кој постигна 43 поени.
Голден стејт со својот најдобар дефанзивец Андре Игудала пристигна на натпреварот во Кливленд. Игудала поради повреда не играше на првите два натпревара, а ја пропушти и серијата против Хјустон.
Иако Игудала играше, Кливленд во првиот дел без многу проблеми ја решаваше одбраната на Голден стејт. Кавалирс ја наметна својата игра, водеше во првиот период, но Вориорс со тројките на Кари и Томпсон по 12 минути игра имаше само поен негатива.
Кливленд повторно се одвои од противникот во вториот дел со серија 6:0, а на четири минути до полувремето домашните кошаркари имаа предност од 13 поени. Меѓутоа, Дурент постигна тројка во последната секунда од вториот период и намали на 58:52.
Третата четвртина гостите ја отворија со серија 3:13, стекнаа предност од пет поени и од тој момент па до самиот крај започна резултатската нишалка.
На три минути до крајот, Кари, кој имаше ужасна шутерска вечер, погоди најпрвин за два, а потоа и за три, а мечот го реши Дурент со тројка на 50 секунди до крајот кога Вориорс стекна 100:106.

Дурент блескаше кај Вориорс со 43 поени и 13 скока, Кари постигна 11, а Грин, Мекги, Томпсон и Бел уфрлија по 10 поени.
Кај Кливленд, Леброн Џејмс имаше учинок од 33 поени, 10 скока и 11 асистенции, а Кевин Лав постигна 20 поени.
Леброн го запиша својот десетти трипл-дабл во финалните серии. Тој е убедливо прв во оваа статистичка категорија.
Четвртиот натпревар ќе се одигра в сабота во три часот според средноевропско време. Домаќин повторно ќе биде Кливленд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

