Спорт
Евертон го победи Борнмут со 2-0, победата ја сигура со гол во 95 минута (видео)
Екипата на Евертон славеше рутинирана победа од 2-0 пред својата публика против тимот на Борнмут во 22 коло од англиската Премиерлига.
Првото полувреме помина без голови, а во 61 минута со голот на Зума домаќините поведоа со 1-0.
Неизвеснота на натпре…


Екипата на Евертон славеше рутинирана победа од 2-0 пред својата публика против тимот на Борнмут во 22 коло од англиската Премиерлига.
Првото полувреме помина без голови, а во 61 минута со голот на Зума домаќините поведоа со 1-0.
Неизвеснота на натпреварот траеше до самиот крај кога Клајверт-Луин со голот во 95 минута ги разреши сите дилеми и бодовите останаа кај „Карамелите“.
Во тек е дербито на колото меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а утре во последниот меч од ова коло силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Вулверхемптон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кари повеќе не е играч на Голден Стејт

Невообичаена одлука донесоа челниците на Голден Стејт Вориорс пред почетокот на новата НБА сезона.
Клубот од Сан Франциско одлучи да се раздели со Сет Кари, помладиот брат на најголемата ѕвезда на франшизата, Стеф Кари, само 18 дена откако тој потпиша договор со тимот.
Како што објавија бројни медиуми во Соединетите Американски Држави, причината за оваа одлука е од финансиска природа, бидејќи Вориорс моментално се на врвот на „втората линија“ на данокот на луксуз, што им претставува сериозен проблем да ги задржат сите 15 играчи во составот.
Оваа одлука на челниците на клубот е всушност „модел на премостување“, бидејќи Сет Кари би можел да се врати во тимот во текот на сезоната, штом ќе се ослободи место во тимот, а за ова веќе е постигнат устен договор меѓу двете страни, а се очекува такво нешто да се случи кон средината на ноември.
Искусниот Кари ја помина минатата сезона со Шарлот Хорнетс, каде што постигнуваше просек од 6,5 поени за 16 минути по натпревар.
Новата сезона на НБА лигата започнува на 21 октомври.
Спорт
(Видео) Како уличар го славеше голот против Џирона – Флик се соочува со голема казна

Ханси Флик полуде на каталонското дерби кое се играше во деветтото коло од Ла Лига. На крајот од регуларниот дел и при резултат Барселона – Џирона 1:1, судијата Хесус Хил Манзано му сигнализираше на судијата дека ќе се играат четири минути продолженија.
Тренерот на Барселона се налути на тоа, поради што доби два жолти картони. Судијата го испрати Флик на трибините, но Роналдо Араухо постигна гол во четвртата, последна минута од судиското продолжение за драматична победа на актуелниот шампион на Шпанија.
Флик голот за победа го прослави на непримерен начин.
Поради исклучувањето, Флик сигурно е суспендиран за најголемото дерби во следната рунда, кога Барса гостува кај Реал, но поради непримерната прослава, медиумите пишуваат дека тој ќе се соочи со поригорозна казна и подолга суспензија.
Hansi Flick’s reaction to Barcelona’s late winner against Girona
byu/Nemlokt insoccer
Спорт
Асвел ја напушта Евролигата

Францускиот кошаркарски клуб, Асвел од Вилербан би можел да ја напушти Евролигата и да се пресели во Лигата на шампионите по завршувањето на оваа сезона.
Клубот од предградието на Лион ќе аплицира за Лигата на шампионите на ФИБА со цел да стане дестинација за проектот НБА Европа во иднина.
Според весникот „Ле Прогрес“, Асвел има намера да игра во Лигата на шампионите од следната сезона и со тоа да испрати сигнал дека клубот е заинтересиран за проектот НБА Европа.
Францускиот клуб, за кој се очекуваше да ја обнови лиценцата за Евролигата, наводно е подготвен да се повлече од натпреварувањето. Како што е наведено, причината за оваа одлука се хроничните финансиски загуби на клубот.
Доколку ова се потврди, Асвел би го следел патот на Алба од Берлин. Германскиот клуб од оваа сезона игра во ФИБА лигата на шампионите. Во Асвел веруваат дека таков потег би можел да ги стабилизира финансиите на клубот и да послужи како мост кон идното натпреварување НБА Европа, нова лига што НБА ја развива во соработка со ФИБА.
Други француски клубови наводно размислуваат за сличен потег, додека ривалот Монако планира да остане во Евролигата. Монако сè уште нема трајна лиценца и е скептичен во врска со проектот НБА Европа.
„Ле Прогрес“ пишува дека неодамнешната средба во Лондон ги доближила газдата на Асвел, славниот Тони Паркер и неговиот менаџмент до одлуката да „нападнат“ едно од 12-те места основачи во НБА Европа.
Од друга страна, се поставува прашањето дали НБА го гледа Лион, или Вилербан, како потенцијална дестинација на идната мапа на Стариот континент.