Спорт
ЕКО Акрополис Рели годинава слави 70-годишен јубилеј
Светската автомобилска елита и оваа година ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи од 7 до 9 септември во Грција.
Релито ЕКО Акрополис, познато и како „Рели на боговите“, е една од најважните и највпечатливите трки во рамки на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship), кое е највисоко рангирано интернационално натпреварување во оваа автомобилска дисциплина. Годинава, импресивното Акрополис рели обележува 70 години од првата трка со меѓународно учество, која се одржа далечната 1953 година.
Како и претходните години, ЕКО, членка на HELLENiQ ENERGY, е главен спонзор на овој светски познат настан кој ја отсликува компаниската страст – автомобилските спортови.
Годинава, во текот на трите дена на релито, натпреварувачите ќе минат вкупно 300 километри, поделени во 14 етапи. Една од нив ќе биде и „ЕКО Супер Специјалната етапа“ (EKO Super Special Stage) што ќе се одржи на првиот ден од трката (7 септември), на специјално изградена патека во должина од 1,5 километри, лоцирана на Атинската ривиера.
Љубителите на автомобилските трки од целиот свет, а меѓу нив и деловните партнери и соработници на ЕКО, ќе имаат можност и оваа година да бидат сведоци и повторно да уживаат во врвен автомобилски спектакл што го одзема здивот и кој ги собира најдобрите светски рели возачи и совозачи.
Инаку, годинава, во чест на 45 годишниот јубилеј, компанијата ОКТА на еден среќен добитник и неговиот придружник ќе им овозможи да бидат дел од ова „Рели на боговите“, посетувајќи една од специјалните етапи. За да станете потенцијален добитник или добитничка на ова уникатно патување и искуство, треба да ги следите инструкциите објавени на Фејсбук страницата на ОКТА. Името на среќниот добитник на ова патување ќе биде објавено на 18 август на истата страница.
ПР Текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

