Спорт
Ефес се засили со Шејн Ларкин
Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес го потврди трансферот на Американецот Шејн Ларкин (25). Ларкин потпишал едно годишен договор со клубот ос Истанбул.
Ларкин, минатата сезона играше во НБА лигата, во Бостон Селтикс, а сезоната претходно беше лидер на Баск…

Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес го потврди трансферот на Американецот Шејн Ларкин (25). Ларкин потпишал едно годишен договор со клубот ос Истанбул.
Ларкин минатата сезона играше во НБА-лигата, во Бостон Селтикс, а сезоната претходно беше лидер на Басконија во шпанскиот шампионат и Евролигата.
Во Басконија имал просек од 13 поени и 5,7 асистенции по натпревар, додека во НБА-лигата во просек бележел по 4,3 поени, 1,7 скока и 1,8 асистенции.
Amerikalı oyun kurucu Shane Larkin ile 1 yıllık sözleşme imzaladık! #Welcome Shane! #GücünüOrtayaKoy pic.twitter.com/xirFA4bBwn
— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) July 26, 2018
Ларкин, откако не добил понуда што ги задоволува неговите апетити во НБА-лигата, решил да се врати во Европа. Ефес на Американецот ќе му плати 1,8 милиони долари.
Шејн Ларкин е второто засилување на плејмејкерската позиција откако претходно во клубот пристигна српскиот репрезентативец Василије Мициќ. Според турските медиуми, Ефес е блиску до договор и со центарот Тибор Плајс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

