Спорт
Загреб ги дочека хероите од Русија (Видео)
Пет часа хрватските фудбалери, освојувачи на сребрениот медал на Светското првенство во Русија, патуваа од аеродромот до главниот плоштад во Загреб „Бан Јелачиќ“.
Во моментот кога панорамскиот автобус се доближи до плоштадот беа запалени голем број на …


Пет часа хрватските фудбалери, освојувачи на сребрениот медал на Светското првенство во Русија, патуваа од аеродромот до главниот плоштад во Загреб „Бан Јелачиќ“.
Во моментот кога панорамскиот автобус се доближи до плоштадот беа запалени голем број на факели, што дополнително ја вжешти атмосферата.
Според проценките на хрватската полиција на и околу плоштадот има околу 300.000 луѓе.
„Немам зборови. Во Русија не игравме за нас, туку за семејствата, за цела Хрватска, за сите Хрвати во Босна и Хрецеговина, во дијаспората, за бранителите. Да не беа тие немаше да ја има ниту оваа шаховница. Не сме шампиони на светот, ние сме вице-прваци. Ви препознавме дека дадовме се од себе. Овие момци со гордост го носеа овој дрес. Ние дадовме се од себе, но и вие го сторивте истото. Над се-Хрватска“, рекол во своето обраќање селекторот на репрезентацијата Златко Далиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мојзе Кен пуштен на домашно лекување

Фудбалерот на Фиорентина, Мојзе Кен е пуштен од болница откако се здоби со повреда на главата на вчерашниот натпревар против Верона.
Иако на почетокот се чинеше дека се работи за посериозна повреда, клубот денеска соопшти дека Кен е пуштен на домашно лекување и дека сите тестови се добри.
Првотимецот на „виолетовите“ синоќа од Верона се врати во Фиренца.
„Сите клинички тестови беа негативни, ќе остане само лузна“, се наведува во клупското соопштение.
Најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона нема да игра во следната рунда против Лече.
Спорт
Салах: Луѓето ја претпочитаат мојата прва сезона, за мене – оваа е подобра

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека му е драго што клубот од „Енфилд“ го совлада Манчестер сити во дерби натпреварот од 26. коло на англиската Премиер лига, пренесоа британските медиуми.
Ливерпул во неделата го совлада Манчестер Сити на гости со 2:0, а Салах во победата учествуваше со гол и асистенција.
„Манчестер сити е тежок противник, има неверојатен менаџер. Мило ми е што на карјот ние победивме. Тоа е посебно чувство, особено бидејќи сме во трка за титулата. Се надевам дека ќе можеме да ја задржиме присебноста, бидејќи притисокот е се посилен. Ќе се обидеме да победиме на секој натпревар. На нас постарите потребна ни е уште една титула”, изјави Салах.
Ливерпул е на првото место на табелата во Премиер лигата со 64 бодови, 11 повеќе од Арсенал, додека Манчестер сити е на четвртата позиција со 44.
„Можеби некои ја претпочитаат мојата прва сезона во Ливерпул, но за мене оваа е подобра бидејќи сум блиску до титулата во Премиер лигата. Им помагам и на младите играчи, што е посебна работа“, истакна Салах.
Ливерпул во среда ќе го пречека Њукасл во 27. коло од Премиер лигата.
Спорт
Фенер му нуди на Џеко нов договор и функција во клубот

Вечерва во Турција на програмата е големото градско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое може го реши шампионатот. Галатасарај има шест бода повеќе од големиот ривал и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон одбрана на шампионската титула.
Во пресрет на дербито, турските медиуми, пишуваат за судбината на Един Џеко (38) во Фенербахче.
Ветеранот, оваа сезона одигра 37 натпревари за Фенербахче, постигна 19 гола и имаше седум асистенции во сите натпреварувања. Капитенот на турскиот гигант има договор до крајот на оваа сезона, но Турците пишуваат дека претседателот Али Коч ќе му понуди договор 1+1. Понатаму се додава дека Коч е подготвен на Џеко да му понуди и функција во клубот кога тој ќеја заврши кариерата.
Во блескавата кариера како еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Џеко играше за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер сити, Рома и Интер. Во Турција е од 2023 година.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 2,2 милиони евра.