Спорт
Почна турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“
Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ вчеравечер официјално почна во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Вкупно 32 екипи од различни градови од земјава учествуваат на седмиот по ред турнир што ќе трае до 15 јуни. Натпреварите се одржуваат сек…


Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ вчеравечер официјално почна во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Вкупно 32 екипи од различни градови од земјава учествуваат на седмиот по ред турнир што ќе трае до 15 јуни. Натпреварите се одржуваат секој ден во периодот од 17:30 до 23:00 часот.
Оваа година турнирот го организира здружението КБС 2012, а Општина Аеродром е покровител. Наградниот фонд изнесува 300 000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Познато е зошто Синер му го предаде мечот на Грикспор

Италијанскиот тенисер Јаник Синер беше принуден да го предаде натпреварот од третот коло, во Мастерсот во Шангај на Талон Гриксспор.
Синер се предаде во третиот сет при резултат 3:2 за Холанѓанецот. Италијанскиот тенисер буквално не можеше да стои на десната нога и со помош на медицинското лице го напушти теренот.
The video of the physio helping Jannik Sinner walk to his chair before retiring from the match in Shanghai.
Really tough scenes to watch.
Come back stronger. ❤️🩹
pic.twitter.com/JqrLYNDQ5M— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 5, 2025
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор за повреда на коленото или мускулот на десната нога, вистинската причина за предавањето е грч.
Условите во Шангај се доста тешки, влажноста е помеѓу 85 и 90 проценти, па играчите многу лесно дехидрираат.
Синер сега ќе има еднонеделна пауза, а од 15 до 18 октомври ќе настапи на егзибицијата во Ријад.
Спорт
Арсенал не знае колкава пауза го чека Одегард

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2:0.
Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
„Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се вели во соопштението на клубот.
„Мартин ќе продолжи со лекувањето и проценките во нашиот медицински центар во Лондон Колни за време на репрезентативната пауза, со цел што поскоро да се врати на теренот.“
Оваа повреда дополнително ја искомплицира ситуацијата за Микел Артета, кој веќе се соочува со низа проблеми во тимот.
Каи Хаверц, Габриел Жезус и Пјеро Хинкапие се исто така на списокот на повредени.
Одегард мораше да го напушти натпреварот во 30-тата минута од натпреварот против Вест Хем по судирот со Крисенсио Самервил.
Со ова Норвежанецот постави неславен рекорд. Стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој започнал три натпревари по ред, но бил заменет пред полувремето.
Претходно тоа му се случи против Лидс и Нотингем Форест.
Спорт
Гвардиола: Се надевам дека повредата на Родри не е сериозна

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека повредата на играчот од средниот ред Родри, здобиена против Брентфорд во неделата, „не е премногу сериозна“.
Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025, поради сериозна повреда на коленото. Овој пат, тој го повреди задниот дел од десната нога и го напушти натпреварот во 22-та минута.
Шпанскиот репрезентативец (29) подоцна се врати на клупата со преврзана нога за да им помогне на своите соиграчи.
„Се надевам дека нема да биде ништо сериозно. Не го знам степенот на повредата, но се чини дека е во задната ложа“, рече Гвардиола на прес-конференција.
Настапот на Родри за Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година против Грузија и Бугарија сега е под знак прашалник.