Спорт
За кој мадридски тим вистински навива Надал?
Интересен детал го обележа синоќешниот полу-финален реванш во Лига Европа, помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал, на „Ванда Метрополитано“.
На трибините на стадионот на Атлетико се најде и најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал со шал на „јорганџиите“ око…

Интересен детаљ го обележа синоќешниот полуфинален реванш во Лига Европа помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал на „Ванда Метрополитано“.
На трибините на стадионот на Атлетико се најде и најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал, со шал на „јорганџиите“ околу вратот. Надал бурно го прослави и голот на Диего Коста со кој Атлетико го победи Арсенал 1-0 и се пласира во финалето.
Оваа информација немаше да биде чудна доколку Надал не е деклариран навивач на најголемиот ривал на Атлетико, Реал Мадрид.
Hoy, mañana y siempre de Rafa Nadal. Un ejemplo que apartó su madridismo para apoyar a un equipo de su país y con una sonrisa. No le importó ponerse la bandera roja y blanca y mandar un guiño a todos sus seguidores del Atlético. Quedan pocos de su raza ? pic.twitter.com/lPaHciKbzn
— Nacho Palencia (@NachoPalen) May 3, 2018
Надал никогаш не ја криел љубовта кон „карлскиот клуб“, а од поблиското минато датира и неговата изјава дека би сакал да биде претседател на Реал. Тенисерот секогаш бурно ги прославувал титулите на Реал во изминатите години.
Дека тој е секогаш добредојден, сведочи и сликата од првиот натпревар против ПСЖ во осмина-финалето во Лигата на шампионите кога навивачите на Реал приредија сјајна кореографија на која се наоѓаше ликот на Надал.
Прашање е како на ова „предавство“ на Надал ќе реагираат фановите на Реал.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дончиќ е во врвна форма – Лејкерси славеа против Њу Орлеанс
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до нивната седма последователна победа во НБА лигата.
Лејкерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 133:121, брилијантниот Словенец постигна 34 поени (20 во првата четвртина). На својот настап додаде 12 скока и седум асистенции.
За Лејкерс, ова беше 13-та победа во последните 15 натпревари. Дончиќ доби поддршка од Остин Ривс со 33 поени и осум асистенции и Деандре Ајтон со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс синоќа паузираше поради болка во левото стапало. Џејмс играше само четири натпревари за Лејкерс оваа сезона поради закрепнување од повреда.
Во отсуство на Леброн, Дончиќ ја игра најдобрата сезона во кариерата. Тој е лидер во НБА лигата со просек од 35 поени по натпревар. Тој е и четвртиот асистент во лигата со 9,2 асистенции по натпревар. Синоќешниот натпревар против Пеликанс беше негов шести последователен натпревар во кој постигна 30 или повеќе поени.
„Езерџиите“ е на второто место во Западната конференција со сооднос победи-порази од 15:4.
Резултати:
Јута – Хјустон 101:129
/Бејли 19 – Шенгун 27/
Кливленд – Бостон 115:117
/Мобли 27 – Причард 42/
Филаделфија – Атланта 134:142 (115:115)
/Макси 44 – Џонсон 41/
Њујорк – Торонто 116:94
/Таунс 22 – Квикли 19/
Портланд – Окалхома 115:123
/Обадија 31 – Гилџес Александер 26/
Минесота – Сан Антонио 125:112
/Едвардс 32 – Фокс 25/
Спорт
Манчестер јунајтед подготвува мегапонуда за Валверде
Манчестер Јунајтед подготвува една од најамбициозните операции во наредниот летен преоден рок. Целта на клубот е Федерико Валверде, вицекапитен и еден од клучните играчи на Реал Мадрид.
Според последните извештаи, раководството на „Олд Трафорд“ е подготвено да понуди над 100 милиони фунти за да го убеди Реал да го пушти Уругваецот.
Иако англиските медиуми претходно пишуваа за понуда од околу 87 милиони фунти, Јунајтед е свесен дека Реал го цени својот универзален играч за врска значително повеќе.
„Црвените ѓаволи“ затоа подготвуваат пакет кој би надминал деветцифрена бројка – што би го направило Валверде еден од најскапите играчи за врска во историјата на клубот.
Според „Goal.com“, Валверде – и покрај неговиот статус на клупска икона – би можел да биде отворен за нови размислувања поради наводното заладување на односите со тренерот Чаби Алонсо. Сепак, „кралевите“ бараат дури 130 милиони и прашањето е дали Јунајтед може и сака да ја плати таа сума.
Валверде освои сè во Мадрид – неколку титули во Ла Лига, две Лиги на шампиони, а во финалето во 2022 година постигна клучна асистенција за трофејот. Неодамна стана Уругваецот со најмногу настапи во дресот на „кралскиот клуб“ и беше промовиран во вицекапитен.
Управата на Јунајтед, предводена од Рубен Аморим, го гледа 26-годишниот Уругваец како идеален лидер во планираната реконструкцијата на средниот ред.
Португалскиот тренер го гледа Валверде како играч кој веднаш би донел енергија, дисциплина и сигурност во двата правци.
Спорт
(Видео) Џирона го запре Реал, Барселона се врати на првото место
Реал Мадрид ја продолжи серија без победа во Примера. Во 14-то коло, во Џирона, Реал одигра 1:1 против истоименоот домаќин. Реал во последните три натпревари, три пати ремизираше, поради што и ја препушти лидерската позиција на Барселона. „Кралскиот клуб“ има бод помалку од Каталонците, зад него Виљареал има еден, а Атлетико Мадрид два бода помалку.
Реал Мадрид нема победа во Примера од 1 ноември, кога ја совлада Валенсија со 4:0. Следуваа нерешените резултати со Рајо Ваљекано (0:0) и Елче (2:2) и вечерва со Џирона (1:1).
Килијан Мбапе постигна гол во 40-та минута, но беше поништен поради играње со рака. Џирона брутално одговори пет минути подцна кога од работ на шеснаесетникот, Азедин Унахи го совлада Тибо Куртоа.
Џирона можеше да го дуплира водството во 57-та минута, но Владислав Ванат беше сопрен од белгискиот голман.
Судијата Рикардо де Бургос набрзо досуди пенал за гостите, а стрелец во 67-та минута беше Килијан Мбапе.
Гостите тргнаа со сите сили кон голот на Џирона, се обидоа, но залудно.
Жоел Рока на маки гостави Куртоа во 84-та минута, а Мбапе ја имаше последната шанса на спротивната страна, неговиот удар заврши малку покрај стативата на Паоло Газанига.
Во следната рунда, Реал ќе гостува во Билбао, додека Џирона, која е 18-та со 12 бода, ќе се соочи со Елче.
Foto/ EPA

