Спорт
Ибрахимовиќ го советува Кејн: Ако сакаш да успееш, оди си од Тотенхем
Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ испрати порака/совет до најдобриот играч на лондонски Тотенхем, англискиот репрезентативец, Хари Ќејн.
Ибра испрати совет до Кејн да си замине од Тотенхем ако сака да освојува тиули.
„Кога играв в…


Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ испрати порака/совет до најдобриот играч на лондонски Тотенхем, англискиот репрезентативец, Хари Ќејн.
Ибра испрати совет до Кејн да си замине од Тотенхем ако сака да освојува тиули.
„Кога играв во Премиер лигата забележав дека е одличен играч. Сепак, со сета почит кон квалитетите на Тотенхем, но мислам дека играњето во голем клуб е поинакво. Ако сака да успее мора да си замина во клуб кој се бори за сите трофеи. Луѓето ве паметат по она што сте го овоиле. Тотенхем има одличен тим, но не се на такво ниво да се борат и да освојуваат трофеи“ – рече Ибрахимовиќ.
Хари Кејн, кој моментно е повреден, подолг период се поврзува со трансфер во кралскиот клуб, Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бовен го шокира Арсенал, Вест Хем победи на „Емирати“

Ливерпул, во средата киксна кај Астон Вила (2:2), но и покрај тоа ја зголеми предноста во однос на Арсенал на табелата во Премиер лигата. Арсенал, во 26.коло, загуби ов градското дерби од Вест Хем (0:1). Интересно, гостите победија на петте натпревари кои се одиграа во терминот од 16 часот.
Немаше многу возбудувања во првото полувреме на „Емирати“ во Лондон. Вест Хем со добра дефанзива држеше реми до финишот на првиот дел. Во 44.минута Ван-Бисака го проигра Џерод Бовен, а тој им донесе водство на гостите.
Домашните тргнаа поофанзивно во вториот дел, имаа иницијатива и шанси, но не успеаја да постигнат гол.
Сите шанси за евентуален пресврт на Арсенал му ги уништи младиот Луис-Скели, кој доби директен црвен картон во 73. минута, неполни 20 минути по влегувањето на теренот.
Арсенал на табелата сега има осум бода помалку од Ливерпул.
Резултати:
Бурнмут – Вулверхемптон 0:1 (0:1)
/Куња 36/
Фулам – Кристал Палас 0:2 (0:1)
/Андерсен 37, Муњос 66/
Ипсвич – Тотенхем 1:4 (1:2)
/Хачинсон 36 – Џонсон 18, 26; Спенс 77, Кулушевски 84/
Саутемптон – Брајтон 0:4 (0:1)
/Педро 23, Ритер 57, Митома 71, Хиншелвуд 82/
Спорт
(Видео) Баер лесно со Кил, Мајнц преку Берлин до котата 5

Актуелниот шампион во Германија, Баер Леверкузен ја оправда фавористаката улога, победи во 23.коло против последнопласираниот Кил. Триумф забележа и Мајнц, кој игра одличан сезона и се наоѓа на петтото место на табелата. Аугсбург победи во Меххенгладбах, а Бохум освои бод во Волфсбург.
Баер Леверкузен славеше победа од 2:0 на гостински терен против најслабиот тим во лигата, Холштајн Кил.
Првиот гол го постигна Патрик Шик, а победата ја потврди Адли.
Мајнц продолжува со фантастични резултати. По победата од 2:0 над Сент Паули, тие се искачија на петтото место.
Бохум од 50. минута имаше предност кај Волфсбург со голот на Машовиќ. Волфсбург избегна пораз со голот на Матијас Сванберг кој ја затресе мрежата во 81. минута.
Аугсбург со хет-трикот на Морис постигнат во вториот дел победи во Менхенгладбах со 3:0. Борусија од 28.минута играше со фудбалер помалку.
Спорт
Вардар победи во Струга

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Вардар победи во Струга во првиот натпревар од 20.коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа над актуелниот шампион Струга ТЛ со 2:0.
Вардар, со победата во Струга, избега од опасната зона, по некомплетното 20.коло, најтрофејниот македонски клуб се наоѓа на деветтото место со 16 поени. Струга и по оваа рунда ќе остане на петтата позиција.
Црвено-црните натпреварот во Струга го решија со два гола во втората половина од вториот дел. Закариќ во 68.минута го постигна првиот, а Мато во 82.минута го постави конечниот резултат.
Табела: