Спорт
Икарди и Интер застанаа зад Кулибали и против расизмот
Капитенот на Интер, Мауро Икарди застана зад Калиду Кулибали откако фудбалерот на Наполи беше мета на расистички напади во текот на мечот во средата во Серија А (кој Интер го доби со 1:0) и по кој шефовите на Серија А се заканија со прекин на лигата.
К…
Капитенот на Интер, Мауро Икарди, застана зад Калиду Кулибали кога фудбалерот на Наполи беше цел на расистички напади во текот на мечот во средата во Серија А (кој Интер го доби со 1:0) и по кој шефовите на Серија А се заканија со прекин на лигата.
Кулибали доби црвен картон во мечот добивајќи втор жолт картон за саркастичното аплаудирање на одлуката на судијата, но тоа и резултатот беа во сенка по расистичките извици кон Сенегалецот и на пресметките на навивачите што оставија еден мртов човек зад нив.
Интер доби казна од два меча без навивачи, а Икарди му даде поддршка на ривалот.
„Разочаран сум од тоа што се случи вчера на ’Сан Сиро’. Да кажеме големо СТОП на расизмот и дискриминацијата“, напиша Икарди на „Инстаграм“.
Со своја реакција се јави и Интер, клубот што во 1908 година е основан како Интернационале по одвојувањето од Милан, кој сакал да игра само со италијански и швајцарски фудбалери и кој во основачките документи има порака за браќата во целиот свет.
„Како реакција на случките на Интер-Наполи во средата вечерта, клубот сака да посочи дека од 9 март 1908 година, Интер претставува интеграција и прогресивност. Ова се исто така карактеристики на историјата на Милано, град што повикува на инклузивност и почитување. Со нашиот град ние се бориме за иднина без дискриминација и ги промовираме овие вредности кои секогаш биле гордост на клубот. Интер е претставуван во 29 земји во светот, од Камбоџа до Колумбија, со илјадници деца што работат на проектот ’Интер кампус’. Затоа, денеска, уште еднаш мораме да посочиме дека секој што не ја прифаќа и не ја разбира историјата на клубот не е еден од нас“, напишаа од Интер.
Since 1908, Inter has represented integration, innovation and progressiveness. The history of Milan is a welcoming one and together we are fighting to build a future without discrimination. Those who do not understand this history do not stand with us. #BrothersOfTheWorld #FCIM pic.twitter.com/lUok3qDgno
— Inter (@Inter_en) December 27, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.