Спорт
Илина и Ева го вееја македонското знаме на натпревар во Франција
Сестрите Илина и Ева Соколовски минатиот викенд ја претставуваа Македонија на традиционалниот Интернационален турнир во ритмичка гимнастика „Елегант куп“ во Келеј, Франција. На овој турнир учествуваа гимнастичарки од многу европските држави.
Илина имаше четири настапи- топка, холохоп, лента и чуневи. На настапите со топка и холохоп во големата конкуренција го освои 10-тото место, додека со лента и чуневи го освои 9-тото месо.

– Задоволна сум со резултатот иако секогаш може да биде подобро. Со оглед на големата конкуренција и организираноста ова е супер. Толку ни е силата, со сестра ми бевме сами, без судии, едноставно без се. Но, тоа што го веевме македонското знаме на вака голем европски натпревар е чувство што не се опишува, вели Илина.
Овој турнир за помалата сестра Ева беше посебен, бидејќи со само 15 години прв пат требаше да се натпреварува во сениорска конкуренција. Но, се случи нешто што никој не го посакуваше, најмногу таа, а тоа е што пред натпреварот, додека го одржуваше последниот тренинг се повреди. Имаше силна болка во коленото, па го откажа учеството од страв да не се случи поголем проблем.

-Сепак, и покрај проблемите ќе кажеме дека сме задоволни од резултатот и од учеството. Мораме да внимаваме на повреди, бидејќи не очекуваат повеќе вакви големи натпревари. По ова сега се подготвуваме за Европското првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Варна, Бугарија, каде што и двете ќе ја преставиме нашата Македонија, велат Илина и Ева.

Македонските девојчиња со цврсти чекори ја газат евроспката сцена, но и германската. Со семејството живеат во Германија и поради талентот веќе се натпреваруваат во Бундес лигата. Илина и Ева се уште се натпреваруваат со македонски пасош, не само на интернационалните натпревари, каде ја претставуваат Македонија, туку и на врвните државни натпревари во Германија.
Златото, среброто и бронзата не им се непознаница, бидејќи досега на многу германски и европски наптревари освојувле медаљи. Затоа велат: „Наградите за Македонија ни се најдраги“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Бајката продолжува, Боде/Глимт втор пат го победи Интер
Фудбалерите на Боде/Глимт ја комплетираа сензацијата, го елиминираа Интер и ќе играат во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По победата минатата недел, на домашен терен 3:1, вице-првакот на Норвешка победи и на „Џузепе Меаца“ со 2:1.
Боде/Глимт е најубавата приказна оваа сеозна во Лигата на шампионите. Клубот од северот на Норвешка, сезонава успеа да ги победи Манчестер сити, Атлетико во Мадрид и два пати Интер.
Ланскиот финалист, во реваншот во кој бркаше победа од најамалку два гола разлика ( за продолжение), само ја потврди лошата сезона во Лигата на шампините. Тимот на Кристијан Киву загуби пет од последните шест натпревари, а поразот од Боде/Глимт беше трет во низа во елитното натпреварување.
Статистиката вечи дека играчите на Интер изведоа 16 корнери, уаптија 30 удари кон голот на Хаикин, но таквата игра им донесе малку сериозни шанси за постигнување гол.
Откако Боде/Глимт се одбрани во првиот дел, во втроито дел малку ја отвори својата игра. Сето тоа беше без преголем ризик, со цел да се изнуди грешка на противникот.
Грешката ја дочекаа во 58-та минута, почетнички кикс на Аканџи, Зомер го одбрани првиот удар, но не и вториот на Хауге. Шеснаесет минути подоцна, филигрантска акција на Норвежаните, асистенција на Хауге и гол на Евјен.
Се што направи Интер до крајот е да постигне гол и да ја спаси честа. Голот е дело на Алесандро Бастони во 78-та минута.
Боде/Глимт во осминафиналето ќе играат против Спортинг или Манчестер сити.
Покрај Боде/Глимт и претходно Атлетико Мадрид, пласман во осминафиналето изборија Баер Лверкузен и Њукасл.
Спорт
Вардар 1961 го победи Мелсунген
Ракометарите на Вардар 1961, го победија Мелсунген во Групата 3 со 37:33 (18:19) во Лига Европа
Вардар 1961, против гостите кои дојдоа во Скопје без речиси половина тим, одигра лошо прво полувреме, но сите грешки успеаја да ги исправат во вториот дел и забележаа важна победа во борбата за пласман во четвртфиналето.
Мелсунген, без респект влезе во мечот, ги користеше слабсѕите во одбраната на црвено=црните и на половина од првиот дел имаа водство 4:10.
Вардар 1961, дури во финишот на првиот дел успеа да се консолидира и да дојде на само гол негатива.
Вториот дел Вардар го одигра далеку подобро, пред се во одбраната, а пресуди серија од три гола по 45-та минута.
Вардар до победата го предводеа Јака Малус со десет и засилувањето од Војводина, Вукашин Воркапиќ со девет погодоци, кои беа нерешлива енигма за германската одбрана.
Наредната рунда, го носи клучниот дуел за Вардар 1961 во борбата за пласман во Топ 8. Во Скопје ќе гостува Бенфика.
Спорт
Мбапе не игра против Бенфика
Реал Мадрид без Килијан Мбапеќе го одигра реваншот против Бенфика во Лигата на шампионите. Реал утре од 21 часот ќе го пречека португалскиот тим. По првиот меч клубот од Мадрид има предност 1:0.
Килијан Мбапе, стрелец на 38 голови од почетокот на сезоната, натпреварот со Бенфика ќе го пропушти поради повреда на левото колено.
Оваа сезона покажа и колку голем проблем може да биде тоа за Реал, бидејќи додека беше повреден, загуби од Албасете во Купот на Кралот, го загуби и Суперкупот од Барселона затоа што беше повреден, иако играше 15 минути, како и од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Колку Реал зависи од Мбапе оваа сезона покажува еден интересен факт. Французинот не постигна гол само во 10 од 33 натпревари што ги одигра оваа сезона. Од тие 10, Реал не победи во седум натпревари.
Foto/ depositphotos

