Спорт
Индијан Велс: Венус ја надигра Серена
Дуелот на сестрите Вилијамс привлече најмногу внимание на мастерсот во Индијан Велс. Третото коло го мина постарата сестра Венус која ја победи Серена 6:3, 6:4 по 87 минути игра.
Венус одигра солидно во првиот сет, максимално го користеше лошото движењ…

Дуелот на сестрите Вилијамс привлече најмногу внимание на мастерсот во Индијан Велс. Третото коло го мина постарата сестра Венус, која ја победи Серена 6:3, 6:4 по 87 минути игра.
Венус одигра солидно во првиот сет, максимално го користеше лошото движење на Серена. Единствениот брејк во првиот сет Венус го направи во шестиот гем.
Вториот сет започна со подобра игра на Венус, која со два брејка стигна до водство 3:0, потоа Серена се доближи на 3:2. Следуваше период во кој двете освојуваа по два гема, при резултат 5:4 Венус сервира за победа, успеа да спаси една брејк-топка и потоа го заврши мечот.
The sisters were scintillating in this 20-shot rally, but has Serena turned the tides? From 0-3 down she’s back within a break, Venus serving 3-2 #BNPPO18
? @WTA pic.twitter.com/KWH1l1WAlB
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 13, 2018
Дуелот на сестрите во Калифорнија беше прв по финалето на Австралија опен во 2017 година кога победи Серена. Вкупно сестрите досега имаат 29 меча, а води Серена 17:12.
Венус Вилијамс во четвртото коло ќе игра против Летонката Анастасија Севастова, која со 6:3, 6:3 ја елиминита Германката Јулија Гергес.
Покрај мечот Венус Вилијамс-Севастова, во четвртата рунда уште ќе се играат мечевите: Халеп-Ванг, Осака-Сакари, Анисимова-Плишкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

