Спорт
Иско од Реал оди кај Гвардиола во Манчестер Сити!?
Шпанскиот фудбалски репрезентативец Иско сеуште е во немилост на тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари. Иско сеуште не може да го најде местото меѓу првотимците на „Кралскиот клуб“, иако повредата е веќе минато за него.
Информациите од Шпанија се …
Шпанскиот фудбалски репрезентативец Иско сеуште е во немилост на тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари. Иско сеуште не може да го најде местото меѓу првотимците на „Кралскиот клуб“, иако повредата е веќе минато за него.
Информациите од Шпанија се дека Иско е подготвен да ја промени средината веќе во јануари, а наводно тој тоа му го соопштил на свој репрезентативен колега.
Се шпекулира дека Иско посакува да си оди од Мадрид ако понуда за него стигне од англиски Манчестер Сити, па тој да стане дел од четата на Пеп Гвардиола.
Сега на потег е управата на „Граѓаните“, но да потсетиме дека откупната клаузула за Иско е 700 милиони евра.
Не е чудо да дојде и до трампа меѓу двата клуба ако се знае дека Реал подолг период ги следи игрите на младиот Рахим Стерлинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нијанг во 93.минута избори опстанок за Емполи, Фросиноне испадна од Серија А
Нестварен расплет во борбата за опстанок донесоа последните натпревар сезонава во Серија А. Фросиноне во последното коло влезе од најдобра позиција, на крајот им се придружи на Сасуоло и Салернитана кои претходно испаднаа во Серија Б. Емполи од испаѓање се спаси со гол во 93.минута.
Емполи на домашен терен ја совлада Рома со 2:1. Емполи поведе во 13. минута со голот на напаѓачот Матео Канчелери, но Хусем Ауар им ја расипа вечерта на домашните навивачи со гол во судиското надополнување на првото полувреме. Сепак, во 93. минута се експлодираше на стадионот „Карло Кастелани“. Стрелецот на првиот гол Канчелери го пронајде Ембаје Нијанг во шеснаесетникот на гостите, кој ја испрати топката во голот и му обезбеди опстанок на Емполи.
NIANG SCORES!!!! EMPOLI ARE SAVED!!! pic.twitter.com/vRspn6ruy1
— Follow @footitalia1 (@footitalia2) May 26, 2024
Од друга страна, се слави и во Удине. Удинезе го совлада Фросиноне со 1:0 како гостин и со тоа избори опстанок. Голот за победа го постигна Кеинан Дејвис на 14 минути до крајот на натпреварот.
Спорт
Панатинаикос ја освои Евролигата, во финалето го декласира Реал
Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турни во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес.
Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока.
Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.
МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои третата титула во Евролигата, претходно по една освои со Олимпијакос и со Фенербахче.
Спорт
Барселона го сака Луис Дијаз
Барселона е серизоно заинтересирана за крилниот напаѓач на Ливерпул и колумбиски репрезентативец Луис Диас, пренесуваат шпанските медиуми.
„АС“, наведува дека каталонскиот клуб планира засилување во нападот во текот на летниот преоден рок, а изборот паднал на Дијас, кој наводно сака да го напушти Ливерпул.
Во 2022 година, колумбискиот фудбалер пристигна во Ливерпул од Порто за 45 милиони евра.
Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Барселона Деко веќе разговарал со менаџерот на Дијас, а преговорите би можеле да продолжат во следните неколку недели.
Дијас (27) сезонава за Ливерпул одигра 51 натпревар и постигна 13 голови.