Спорт
Истрагата покажа дека пилотот е виновен за несреќата во која загина Коби Брајант

Официјалната истрага за падот на хеликоптерот, во кој беа Коби Брајант, ќерка му и уште седум лица, е завршена и утврдено е дека виновникот за несреќата е пилотот.
Тој одлучил да лета во облаците иако тоа е забрането со закон.
Во официјалниот извештај за падот на хеликоптерот на повеќе од 600 страници се наведува дека пилотот Ара Зобајан, најверојатно, доживеал просторна дезориентација поради што верувал дека авионот се искачувал, иако всушност се спуштал.
BREAKING: Kobe Bryant died in a helicopter crash in Calabasas Sunday morning. Kobe was traveling with at least 3 other people in his private helicopter when it went down. Emergency personnel responded, but nobody on board survived. https://t.co/izOj2abWiz pic.twitter.com/pGCRkCFIZD
— TMZ (@TMZ) January 26, 2020
Механички дефекти на хеликоптерот „сикор С-76“ немало и се очекува по овој извештај, Федералната агенција за воздухопловство во САД да даде препораки со цел да се избегнат несреќи од ваков тип во иднина.
„Ридскиот терен во комбинација со просторната дезориентација на пилотот во облаците било фатално. Пилотот не знаел по кој пат тргнал“, изјави Бил Инглиш, главниот истражител.
Во трагедијата загинаа девет лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА никогаш нема да дозволи формирање на Европска Суперлига

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека управното тело на европскиот фудбал никогаш нема да создаде или поддржи ексклузивно натпреварување, дополнително потврдувајќи го својот став против Европската Суперлига.
Дванаесет од водечките европски клубови, вклучувајќи шест од Премиер лигата, потпишаа планови за формирање на Европската Суперлига во 2021 година.
Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем ја претставуваа Англија, заедно со Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона како членови основачи.
Ревидираните планови беа објавени откако највисокиот суд пресуди дека забраната за клубовите да се приклучат кон посебна лига е нелегална.
„Европа ги поставува стандардите во светскиот фудбал и токму затоа постои напад однадвор за преобликување на играта. Промената е дел од приказната за фудбалот – тоа го знаеме многу добро – но трајната вредност доаѓа само од единството, рамнотежата и силата на сите, а не само на неколкумина“, рече Чеферин.
Откако создавањето на Суперлигата ја загрози Лигата на шампионите, УЕФА го реформираше натпреварувањето и го прошири.
„УЕФА никогаш нема, ниту би организирала, натпреварување само за 12 клуба. УЕФА сака инклузија, сака сонот да остане жив. Ќе се погрижиме нашиот клупски фудбал да биде инклузивен и секој да има шанса да ги освои најдобрите натпреварувања“, додаде првиот човек на европскиот фудбал.
Спорт
Ертел поднесе тужба против Барселона

Искусниот француски кошаркар Томас Ертел покренал судска постапка против Барселона. Кошаркарот бара отштета од 1.600.000 евра на име на трансферот што пропадна во последен момент, дознава „Мундо Депортиво“.
Сè се случи во првите денови од тековната календарска година, кога Ертел практично се договорил за сите услови со Барселона, но веднаш по слетувањето во Каталонија, го пречекале непријатни вести бидејќи клубот го прекршил својот збор.
За да ја прифати понудата од Барселона, Ертел го одбил Асвел поради што и решил да го тужи клубот од Каталонија.
Од друга страна, Барселона инсистира дека не е формализиран никаков договор меѓу двете страни, односно дека нема докази дека клубот го измамил играчот. Овие тврдења кошаркарот ќе мора да ги докаже на суд.
Како што е наведено, првото рочиште треба да биде закажано наскоро.
Спорт
Роналдо стана првиот милијардер меѓу фудбалерите

Беше само прашање на време кога Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата со милијарда на својата сметка во банка.
Поточно, Португалецот е „тежок“ 1,2 милијарди евра.
Според „Блумберг“, водечкото американско финансиско списание, Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“, но овој финансиски скок му донесе продолжување на соработката со неговиот клуб Ал-Наср.
Новата соработка со Саудијците ќе го направи Роналдо побогат за уште 400 милиони евра.
Портуаглецот сега има уште една цел, да дојде до најмалку 1.000 во кариерата, моментално е на бројката од 946 постигнати голови во кариерата.
„Мислам дека сè уште можам да дадам многу на клубот и на репрезентацијата, сакам да играм долго време, но не предолго, да бидам искрен. Се надевам дека кога еден ден ќе се пензионирам, ќе бидам задоволен бидејќи дадов се од себе. Свесен сум дека не ме очекуваат многу години играње фудбал, но сакам да го искористам малкуто време што го имам. Мојата филозофија е да живеам ден за ден. Немам долгорочни планови. Уживам во секој ден и на секој тренинг“, изјави неодамна Португалецот.