Спорт
Како Барса ѝ го грабна Малком на Рома?
Барселона го комплетираше трансферот на 21-годишниот Бразилец Малком од Бордо, иако тој ги имаше договорено личните услови со Рома, и се надеваат дека „грабањето“ на трансферот од рацете на италијанскиот клуб ќе се исплати, посебно бидејќи „волчицата“ …

Барселона го комплетира трансферот на 21-годишниот Бразилец Малком од Бордо, иако тој ги имаше договорено личните услови со Рома, и се надева дека грабањето на трансферот од рацете на италијанскиот клуб ќе се исплати, особено бидејќи „волчицата“ најавува судска завршница.
Малком е последното бразилско засилување за Блауграна по Артур, кој дојде од Гремио, и Филипе Кутињо, кој пристигна од Ливерпул во јануари. Малком, кој имаше една сензационална сезона во Европа со Бордо, е споредуван токму со Кутињо и се веруваше дека Ливерпул го има пикирано како замена за неговиот сонародник.

Интересот што 21-годишниот Малком го предизвика беше зачудувачки. Повеќе премиерлигаши беа во игра пред да изгледа дека Рома го има обезбедно трансферот и пред да дојде Барселона со 41 милион евра со петгодишен договор. Инаку, Бордо потпиша со Малком од Коринтијанс за само 5 милиони евра во јануари 2016 година.
Во Рим се лути и спортскиот директор на Рома, Мончи, призна дека размислуваат за судска завршница.
„Навистина ми е жал за тоа што се случи, но ние верувавме дека имавме легитимен договор со Бордо, а потоа понудивме и повеќе пари за трансферот да заврши. Кога преговорите станаа аукција, претседателот Џејмс Палота реши да се повлече. Ако некој сака да дојде во Рома, тогаш е супер, но на крајот, ако не сакаат, тогаш нема зошто да се мачиме. Во клубот ги разгледуваме опциите и мислам дека имаме основа за легален случај. Ништо не беше потпишано, тоа е точно, но има многу пораки од агентите и од нивниот претседател“, вели Мончи.
“What happened is easy to explain – but hard to understand.”
Sporting director Monchi gives his perspective on the Malcom saga… #ASRoma pic.twitter.com/ElSG2RYZIm
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 24, 2018
Тој потоа детаљно ги објасни пристапот и преговорите.
„Почнавме преговори со Бордо и фудбалерот преку неговиот агент пред една недела. По три-четири дена, во 17 часот, во понеделникот, дојдовме до договор со него, со неговиот агент и со Бордо. Добивме дозвола тој да дојде во Рим за медицински тестови и имаше авион во 21 часот со кој требаше да пристигне во 23 часот. Само 30 минути подоцна претседателот на Бордо, Стефан Мартин, ми се јави и ми кажа дека има многу шпекулации за договорот и дека ќе издадат официјално соопштение, но за нас тоа не беше идеално – ние сме компанија на берзата и мора да ги почитуваме правилата. Само еден час подоцна еден од претставниците на фудбалерот ми се јави и ми кажа дека Бордо не му дозволил на фудбалерот да патува за Рим. Кога му се јавив на Мартин, тој ми кажа дека има подобра понуда од Барселона и дека ако не ја кренеме сумата, нема да има договор. Кога му посочив дека имавме договор, тој јасно ми кажа дека нема ништо потпишано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

