Спорт
Канело Алварез со најбогатиот спортски договор во историјата тежок 365 милиони долари!
Мексиканската боксерска атракција, Саул „Канело“ Алварез го потпиша најбогатиот договор во историјата на спортот, договорувајќи петгодишен „дил“ вреден 365 милиони долари за 11 меча со „ДАЗН“, сервисот за стриминг спортски видеа.
„ДАЗН“, кој се промови…

Мексиканската боксерска атракција, Саул (Канело) Алварез, ја потпиша најбогатата спогодба во историјата на спортот со петгодишен договор вреден 365 милиони долари за 11 меча со ДАЗН, сервисот за стриминг-спортски видеа.
ДАЗН, кој се промовира во САД во септември, ќе се обиде да го искористи празниот простор во пазарот кога ХБО неочекувано објави дека по 45 години боксерски мечеви, ќе престане со преносите во 2019 година.
Алварез има огромен број фанови во Мексико и во САД и неговите мечеви влечат стотина милиони долари преку пејпервју-сервисите. Сега нема да има пејпервју, туку само претплата за корисниците на ДАЗН – 9,99 долари месечно.
Алварез исто така може да заработи и дополнителни пари ако донесе одреден број претплати во текот на договорот. Тој влегува во рингот на 15 декември во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк против Британецот Рики Филдинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.
„Официјално, ќе ја продолжам соработката со тренерот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година“, рече првиот човек на РФМ Александар Стефанов и дополни.
„Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на репрезентацијата и на македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија, ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт.“
„На заедничко задоволство, ќе ја продолжам соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на репрезентацијата, особено во мојата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за довербата и поддршката што ми е укажана.“
Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност, ќе продолжиме да работиме на напредокот на репрезентацијата и достојно претставување на Македонија, со фокус на стабилност и долгорочни резултати., рече селекторот Лазаров.
Foto/ EPA/Christopher Neundorf
Спорт
Чефениг победи во Бишофсхофен, Домен Превц ја освои Новогодишната турнеја
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман.
Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг, победи на последната станица од Турот. Австриецот застана на 137, а потоа на 140,5 метри, доволно за 303,9 поени.
Иако тоа не е вообичаена практика – Чофениг, како минатогодишен победник и победник во Бишофсхофен, му го врачи трофејот на 26-годишникот од Крањ, а подиумот во вторник вечерта го пополни Јапонецот Рјоју Кобајаши, трикратен победник на Четири скокалници, со 299,8 поени по скокови од 137 и 138 метри.
Ова е 12-ти пат Превац да освои место на подиумот по ред и 13-ти пат во оваа сезона во Светскиот куп.
Само во две изданија (на премиерата во Лилехамер, Норвешка, беше четврти, а три дена подоцна во Фалун, Шведска, беше на 13-то место) не се искачи на подиумот.
foto/ EPA
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA

