Спорт
Касиљас со овации испратен од „Енфилд“
Икер Касиљас, синоќа со голема веројатност го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите, во својата импресивна кариера. Неговиот Порто гостуваше во Ливерпул, а Касиљас успеа да остане несовладан. Сепак Ливерпул се пласираше во четврт-финалето…


Икер Касиљас, синоќа со голема веројатност го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите, во својата импресивна кариера. Неговиот Порто гостуваше во Ливерпул, а Касиљас успеа да остане несовладан. Сепак Ливерпул се пласираше во четврт-финалето бидејќи во Порто победи 5:0.
Шпанецот имаше неколку добри интервенции, а во 88.минута при ударот на Дени Ингс потсети зошто долги години беше најдобар или меѓу најдобрите тројца во светот.
За се што направи на овој меч, а и воопшто во кариерата, по завршувањето на мечот доби овации од фановите на Ливерпул.
les fans de Liverpool applaudissent la légende Casillas lors du match contre Porto ? pic.twitter.com/pkPHgfNzcB
— Liverpool FR?? (@LiverFR) March 6, 2018
„Би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Ливерпул. Не се случува често играч на противнички тим да биде испратен на ваков начин“, рекол Касиљас.
Бидејќи не прими гол Касиљас го подобри сопствениот рекорд во Лигата на шампионите. Во кариерата, во елитното натпреварување, тој на 59 натпревари не примил гол.
Дуелот на „Енфилд“ беше 171 за негов во ЛШ (и тука е рекордер), каде дебитираше на 18-годишна возраст, на 15.септември 1999 против Олимпијакос. Икер одиграл 152 натпревари за Реал и 19 за Порто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ остана без Дембеле и Дуе

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 2:0, но остана без двајца играчи.
Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ.
Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели.
Слична пауза го очекува и Дуе. Младиот напаѓач ќе биде надвор од терените во следните четири недели, а сето ова се случува пред почетокот на Лигата на шампионите, натпреварувањето каде ПСЖ го брани тронот.
Дембеле беше напаѓачки лидер на ПСЖ и минатата сезона, а се предвидува дека ќе биде таков и оваа сезона. Од друга страна, Дуе е новата млада ѕвезда на францускиот фудбал, меѓутоа, двајцата сега ќе мора да земат непланиран одмор.
Спорт
ФИБА: Испаѓањето на Србија е изненадување на векот

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантна елиминација од Евробаскетот од Финска во осминафиналето со пораз од 86:92.
Пред турнирот, Србите беа поставени како главен фаворит, а против Финците исто така беа голем фаворит, на теренот не го покажаа тоа.
Финска ја надигра Србија, доминираше во офанзивниот скок и на крајот славеше и покрај вкупниот шут од 41 отсто.
Сензацијата е главна тема во светот на кошарката. На никого не му е јасно како репрезентацијата која го има Никола Јокиќ си дозволи да биде елиминирана во осминафиналето.
ФИБА, светската кошаркарска федерација, елиминацијата на Србија, поточно сензационалната победа на Финска ја објави со овој наслов. „Изненадувањето на векот. Финска ги исфрли Србија и Никола Јокиќ од Евробаскетот!“
UPSET OF THE CENTURY.
FINLAND 🇫🇮 KICK SERBIA AND NIKOLA JOKIC OUT OF EUROBASKET 🤯#EuroBasket
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
Спорт
Сабаленка ја одбрани титулата на Ју-ес опен

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.
Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6.
Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек.
Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на Австралија.
Ова е нејзина осма Гренд слем титула во кариерата.
Foto/ EPA