Спорт
КК Будуќност се интересира за поранешниот македонски репрезентативец
Кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица, покажува интерес за Американецот со македонски пасош, Џордан Тиодор, објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“.
Според овој извор, играчот кој минатата сезона го носел дресот на Армани Милано, се…
Кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица покажува интерес за Американецот со македонски пасош Џордан Тиодор, објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“.
Според овој извор, играчот кој минатата сезона го носел дресот на Армани Милано сега е без клуб, а сакал да игра во тим што се натпреварува во Евролигата. Покрај Будуќност, за Тиодор интерес покажувале Дарушафака и Лимож.
Исто така тој имал и неколку понуди од Кина, меѓутоа негов приоритет бил да остане во европската кошарка.
Покрај Тиодор, Будуќност се интересира и за поранешниот бек на Сан Антонио Спарс, Брендон Пол.
КК Будуќност има лош старт во сезоната во АБА-лигата каде што ја брани титулата, има два порази во првите пет кола, а во Евролигата, каде што дебитира, сè уште е без победа по четири одиграни натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал се главни во северен Лондон
Фудбалерите на Арсенал брзо ја пребродија елиминацијата од Манчестер јунајтед од ФА купот, откако го совладаа Тотенхем со 2;1 во дербито на северен Лондон, во 21. коло од Премиер лигата. Со оваа победа Арсенал го скокна Нотингем Форест на второто место во поредокот. Со натпревар повеќе, Арсенал има четири бода помалку од лидерот Ливерпул.
И покрај тоа што играчите на Арсенал го контролираа поголемиот дел од натпреварот, Тотенхем поведе во 25. минута со голот на Сон. Тоа беше момент на инспирација за најдобриот јужнокорејски фудбалер кој билијантно погоди.
Арсенал се врати во живот во 40. минута кога Габриел ја погоди мрежата на Тотенхем а само четири минути подоцна, Леандро Тросар го режираше пресвртот.
Во вториот дел Арсенал имаше неколку шанси да го реши победникот, не ги искористија, па во 95.минута имаа среќа кога Педро Поро ја погоди стативата.
Резултати:
Евертон – А. Вила 0:1 (0:1)
/Воткинс 51/
Лестер – К. Палас 0:2 (0:0)
/Матета 52, Гуехи 78/
Њукасл – Вулверхемптон 3:0 (1:0)
/Исак 34, 57, Гордон 74/
Спорт
Болоња ја прекина победничката низа на Интер, освои бод на „Џузепе Меаца“
Интер и Болиња одиграа 2:2 во 19 коло во Серија А. Интер остана на второто место на табелата со три бода помалку и натпревар помалку од лидерот Наполи.
Дека Болоња може да стави крај на серијата од пет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Интер најави Кастро во 15.минута.
Интер сепак до крајот на првиот дел направи пресврт. Десниот бек, Дафрис потврди дека се наоѓа во фанатстична форма, ја продолжи голгетарската серија, изедначи во 19.минута.
Во првата минута од судиското надополнување на времето, капитенот Лаутаро Мартинез го постигна вториот гол.
Интер не успеа да ја сочува предноста. Холм во 64.минута го постави конечниот резултат.
Спорт
Костески: Изгинавме на теренот
Македонија освои бод против фаворизираната Унгарија на отворањето на 29.Светско првенство. Во Д групата, во Вараждин, Македонија и Унгарија одиграа 27:27 (14:14).
Македонија може да жали, испушти побада против Унгарија. Фазекаш го постави конечниот резултата на 15 секунди до крајот.
Блескаа вечерва во нашата репрезентација капитенот Филип Кузмановски со 10 гола и ветеранот Митревски кој имаше 14 интервенции.
„Тежок и исцрпувачки натпревар, го дадовме максимумот. Малку фалеше да стигнеме до победа. Сега главата горе и одиме понатаму. Момците изгинаа. Ова е мотив за нас да одиграме уште еден ваков натпревар“, изјави Ненад Костески.
За два дена во второто коло, Македонија ќе игра против Холандија.