Спорт
Кога природата ќе повика: Од Линекер и Ана Ивановиќ, до Серхио Рамос (Видео)
Серхио Рамос е топ тема во шпанските медиуми, откако на вчерашниот дуел во Еибар, едноставни исчезна од теренот на пет минути. Подоцна тренерот Зинедин Зидан на новинарите им објасни дека капитенот морал да оди во тоалет.
Случајот на Серхио Рамос е инт…

Серхио Рамос е топ тема во шпанските медиуми, откако на вчерашниот дуел во Еибар, едноставни исчезна од теренот на пет минути. Подоцна тренерот Зинедин Зидан на новинарите им објасни дека капитенот морал да оди во тоалет.
Случајот на Серхио Рамос е интересен, но не и еднинствен во светот на спортот. Во минатото многу спортисти се соочиле со сличен проблем, но што ако ситуацијата на спортоското борилиште не го дозволува тоа. Што тогаш ? Некои „успеале“ да го решат проблемот и останале запаментени по тоа.
На Олимписките игри во Рио де Жанеиро, атлетичарот Јоан Диниз буквално „ги наполи гаќите“ за време на трката во брзо одење. Камерите го регистрираа тоа.
Гери Линекер, легендарниот англиски голгетер, на Светското првенство во 1990 година за време на дуелот помеѓу Италија и Англија решил да се „олесни“ на теренот, а случката ја открил во интервју за Би би си.
Славниот и контроверзен германски голман Јенс Леман морал да унирира зад рекламите за време на натпревар во Лигата на шампионите.
Тенисерката Ана Ивановиќ без дозвола на судијата заминала во тоалет, а кога се вратила на теренот била санкционирана со четири поени. Еден поен за секои 20 секунди. На крајот била поразена.
Ниту атлетичарката Пола Редклиф не можела да се воздржи во 2005 година, исто како и тријатлонката Џули Мос за време на финална трка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

