Спорт
Кокаинот скапо го чинеше! Муту ќе мора да му плати 17 милиони евра на Челси!
Поранешната романска фудбалска ѕвезда Адријан Муту ќе мора да плати 17 милиони евра на Челси како компензација за неговиот трансфер во Јувентус, откако Европскуот суд за човекови права ја одби неговата жалба.
Во октомври 2004 година, Романецот беше поз…

Поранешната романска фудбалска ѕвезда, Адријан Муту, ќе мора да му плати 17 милиони евра на Челси како компензација за неговиот трансфер во Јувентус кога Европскуот суд за човекови права ја одби неговата жалба.
Во октомври 2004 година Романецот беше позитивен на кокаин добивајќи суспензија од седум месеци, по што беше отпуштен од Челси поради прекршување на договорот, а кога тој потпиша за Јувентус, Челси бараше ФИФА да му нареди на Муту да ја плати компензацијата.
Во 2008 година ФИФА му нареди на Муту да плати 17.173.990 евра, сума добиена за неговиот трансфер од тимот на Парма. Во 2013, пак, ФИФА додаде дека Јувентус и Ливорно треба да ја платат таа сума бидејќи Муту потпиша за тие два тима. Меѓутоа, Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во 2015 година ја врати вината кај Муту.

Во последен обид да не ја плати сумата, Муту се жалеше пред Европскиот суд за човекови права бидејќи ЦАС не е независен суд бидејќи еден од членовите на бордот бил партнер во адвокатска компанија што го штити и сопственикот на Челси, Роман Абрамович.
Европскиот суд одлучи дека напаѓачот не бил принуден да ја прифати одлуката на ЦАС, но не побарал отстранување на контроверзниот член. Тие советуваат дека секоја жалба мора да оди пред швајцарскиот врховен суд.
Муту инсистира дека нема шанси да најде толкава сума пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

