Спорт
Компанијата „Најки“ го носи Нејмар во Реал!?
Нејмар, на почетокот на месецот ја скрши метатарзалната коска во стапалото. Тој нема да игра до крајот на сезоната. Замина на операција во Бразил, а наводно на пријателите им порачал дека нема намера да се враќа во Париз.
Трансферот во ПСЖ, не ги испол…

Нејмар на почетокот на месецот ја скрши метатарзалната коска во стапалото. Тој нема да игра до крајот на сезоната. Замина на операција во Бразил, а наводно на пријателите им порачал дека нема намера да се враќа во Париз.
Трансферот во ПСЖ не ги исполнил неговите очекувањата. Се надевал дека ќе биде обожуван од навивачите, дека лигата ќе биде поконкурентна и дека ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Кога не се случи ништо од ова, тој наводоно порачал дека нема намера да игра за клубот што во август издвои 222 милиона евра за неговиот трансфер.
Свесни се и во ПСЖ дека не можат да го задржат Нејмар доколку тој сака да го напушти клубот, дури и да му ја зголемат платата на 30 милиони евра годишно. Она што им е јасно на сите во Париз е дека нема многу клубови што се пдоготвени да платат 400 милиони евра за Нејмар.
Бразилецот се поврзува со мадридски Реал, но сумата што ја бара ПСЖ е преголема, дури и за „кралскиот клуб“. Во приказната за трансферот во Мадрид би се вклучила компанијата „Најки“, пишува мадридскиот весник „Ас“.
„Најки“ и „Адидас“ со години водат жестотки битки на спортскиот пазар, Барселона и Манчестер сити ги облекува „Најки“, а Манчестер јунајтед и Реал ривалската компанија „Адидас“.
Весникот пишува дека „Најки“ му понудил на Реал да плати дел од трансферот на Нејмар, но само доколку актуелниот европски првак го раскине договорот со „Адидас“.

Германската компанија уште минатата година подготвила нов договор за продолжување на соработката со Реал, кој Флорентино Перез го одбил наводно поради понудата од „Најки“ и можноста Нејмар да се пресели во Мадрид.
Реал има договор со „Адидас“ до 2019 година, според кој од сезона заработува 40 милиони евра. За споредба, истата комапнија на Манчестер јунајтед му плаќа 90 милиони евра, а Барселона од „Најки“ добива 105 милиони евра.
Нејмар има долгогодишен договор со „Најки“ и доколку тој се пресели во Мадрид, а Реал раскине со „Адидас“, тогаш на компанијата ќе ѝ привлече повеќе од 200 милиони Бразилци кај кои Нејмар има статус на божество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

