Спорт
Крвава победа – Џошуа го нокаутираше Поветкин во седмата рунда (видео)
Ентони Џошуа ги одбрани своите титули во тешка категорија и остана непоразен, откако во седмата рунда го „патосираше“ рускиот предизвикувач Александер Поветкин на „Вембли“, иако по слабиот старт на мечот остана со крвав нос.
За многу боксерски фанови д…

Ентони Џошуа ги одбрани своите титули во тешка категорија и остана непоразен, откако во седмата рунда го „патосираше“ рускиот предизвикувач Александер Поветкин на „Вембли“, иако по слабиот старт на мечот остана со крвав нос.
За многу боксерски фанови дуелот со Поветкин беше само неопходна епизода пред можниот меч за обединување на титулите во тешка категорија против Американецот Дионтеј Вајлдер, но Поветкин беше сѐ само „неопходен“, откако Русинот го фати Британецот со одличен удар и беше одличен во првите рунди.
Русинот, кој досега беше поразен само од Владимир Кличко и тоа на поени, ја презеде иницијативата и беше подобар во втората и третата рунда, но Британецот полека се смири на дождот во Лондон за во седмата рунда да го „зафати“ својот противник. Поветкин стана, но повторно беше соборен за Џошуа да стигне до 21. нокаут во 22 професионални меча и да ги одбрани ВБА, ИБФ и ВБО титулите.
Povetkin never been KO’d in his career. One fight with Anthony Joshua: pic.twitter.com/ErnVe6mojR
— Harrison Klopp (@HarrisonKlopp) September 22, 2018
Сега, очите се вперени во мечот на ВБЦ шампионот Вајлдер против поранешниот апсолутен шампион Тајсон Фјури на 1 декември, бидејќи следниот противник на Џошуа сигурно ќе дојде од тој меч.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Волејот на Доргу му пресуди на Њукасл
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 1:0 во 18-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“, победија на „Олд Трафорд“ по повеќе од два месеци, беа во серија од три натпревари без победа.
Манчестер Јунајтед беше подобриот противник во првото полувреме и ги искористи шансите што им се укажаа.
Матеус Куња имаше шанса, но беше запрен од Рамсдејл, меѓутоа, неколку десетици секунди подоцна, по одбиена топка, Доргу фати волеј и ја „искина“ мрежата.
THAT VOLLEY FROM DORGU 😮💨🔥 pic.twitter.com/QVAi1hQWvZ
— Goals ⚽ 🥅 (@goalplus) December 26, 2025
Второто полувреме му припадна на Њукасл. „Страчките“ нападнаа, а Хол имаше одлична шанса кога ја погоди пречката.
Гостите можеа да израмнат на крајот од 90-та минута, кога топката стигна до Мајли во шеснаесетникот, но тој шутираше над пречката.
Со овој триумф, Манчестер Јунајтед ја презеде петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода, додека Њукасл е 11-ти со 23.
Foto/ depositphotos
Спорт
Жестока казна за Марко, му рекол на судијата дека е „ку..ин сим“
Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0.
Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон.
Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот.
Шпанската фудбалска федерација му изрече жестока суспензија на фудбалерот на Севилја. Маркако ќе отсуствува во наредните шест натпртевари.
Во образложението стои дека по еден натпревар суспензија добил поради исклучувањето и неспортското однесување, а четири натпревари суспензија добил поради навреда упатена кон судијата.
Тој ќе ги пропушти средбите со Леванте, Селта, Елче, Атлетик Билбао, Мајорка и Џирона, и нема да му биде достапен на тренерот Матијас Алмеида до 15 февруари, кога Севилај ќе игра против Алавес.
Спорт
(Видео) Макаби среде Белград го прегази Партизан, Тајрик Џонс жестоко се расправаше со навивачите
Кошаркарите на Партизан доживеака уште еден дебакл во Евролигата. На домашен терен, загубија во 18-то коло од Макаи со 87:112.
Партизан, на овој меч повторно го собори негативниот клупски рекорд, прими најмногу поени во еден натпревар во Евролигата. Во претходното коло, црно-белите примија 109 поени.
На клупата на Партизан дебитираше Џоан Пењароа, а на теренот Камерон Пејн, кој со 15 поени беше најефикасен играч кај домашниот тим.
Навивачите, пред во текот и по натпреварот беа гласни во свирежите кон некои играчи и клупското раководство.
Во главна улога беше Тајрик Џонс, кој по завршувањето на натпреварот влезе во вербална и речиси физичка пресметка со навивачите.
Tajrik Džons se nakon meča Partizana i Makabija našao u raspravi s publikom.#kkp #kkpartizan pic.twitter.com/A9YthpP7e5
— Meridian Sport Srbija (@meridiansportrs) December 26, 2025
На Џонс не му се допаднаа свирежите, затоа беше во центарот на вниманието, покажувајќи му на некого од трибините да слезе и да се соочи со него.

