Спорт
Легендарниот фудбалер Фалкао има нов клуб

Иако е во доцните играчки години, Радамел Фалкао не планира да застане.
Откако му истече договорот со Рајо Валјекано, се огласи и неговиот нов клуб.
Тоа е – Милионариос.
И сето тоа 23 години откако го напушти овој клуб како 15-годишник.
Фалкао зад себе има импресивна кариера, играше за Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо.
За Колумбија, за која уште настапува, одигра 104 натпревари и постигна 36 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пипо по 34 години ја врати Пиза во Серија А па го напушти клубот

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, сега тренер, Филипо Инзаги, ја напушта клупата на Пиза еден месец по историската промоција во Серија А, објави клубот во петокот.
„Договорот на Инзаги, кој траеше уште две години, беше спогодбено раскинат“, објави тосканскиот клуб.
Се очекува 51-годишникот, како што тврдат медиумите ќе го преземе Палермо.
Палермо наводно ѝ платил на Пиза речиси милион евра за Инзаги. Сицилијанскиот клуб, во сопственост на Сити Фудбал Груп (сопственик и на Манчестер Сити), исто така се стреми кон враќање во Серија А.
Пиза заврши втора во Серија Б под водство на Инзаги, остварувајќи промоција во Серија А за прв пат по 34 години.
Алберто Џилардино е еден од кандидатите за клупата на Пиза, како и Марко Џампаоло, кој неодамна беше отпуштен од Лече.
Спорт
Гонзало Гарсија е новиот тренер на Хајдук

Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо.
Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, пред почетокот на подготовките на клубот за новата сезона.
Гарсија со Истра 1961 сезоната ја заврши на шестото место. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.
Спорт
Хамилтон: Васер е личноста што ќе го однесе Ферари до врвот

Ферари и Луис Хамилтон не импресионираа во првиот дел од сезоната. Многу се зборува за водството на италијанскиот тим, лошите тактики, стратегиите… Сепак, Хамилтон тврди дека првиот човек Фредерик Васер е вистинската личност на вистинското место.
Луис Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман, позиција пред него е тимскиот колега Шарл Леклер. Нивните резултати во овој дел од сезоната му овозможија на тимот да биде втор во шампионатот на конструктори. Иако со речиси 200 поени помалку од лидерот Мекларен.
Под притисок поради резултатоте во рпвите девет трки за наоѓа шефот на тимот Фредерик Васер.
„Заедно сме во ова. Работиме напорно зад сцената. Работите не се совршени, но јас сум тука да работам со тимот, а секако и со Фред. Го сакам Фред тука. Верувам дека тој е личноста што ќе нè однесе на врвот“ рече Хамилтон.
„Многу луѓе немаат поим што се случува зад сцената. Ова прашање не е на дневен ред и сигурно не би било нешто што би го поддржал“.
Ферари ќе има можност да направи нов пробив овој викенд, кога на програмата е Големата награда на Канада.