Спорт
Ливерпул „пукнаа петарда“ во мрежата на Арсенал (Видео)
Ливерпул му нанесе тежок пораз на Арсенал во дерби мечот одигран во рамките на 20.коло, во Премиер лигата. Лидерот славеше со 5:1. Хет-трик постигна Робеето Фирмино.
Ливерпул г декласира противникот за половина час, во периодот од 14. до 45.минута игра…


Ливерпул му нанесе тежок пораз на Арсенал во дерби мечот одигран во рамките на 20.коло, во Премиер лигата. Лидерот славеше со 5:1. Хет-трик постигна Робеето Фирмино.
Ливерпул г декласира противникот за половина час, во периодот од 14. до 45.минута играчите на Јирген Клоп постигнаа четири гола, откако Арсенал преку Мејтланд-Најлс погоди во 11.минута за предност на Арсенал.
Следуваше блиц-криг во режија на Роберто Фирмино. Бразилецот постигна два гола во 14. и 15.минута. Третиот гол е дел на тимска акција во 32.минута, а егзекутор беше Мане.
Перфектното прво полувреме на Ливерпул го комплетираше Салах во 45.минута од пенал.
Во вториот дел Фирмино го комплетираше хет-трикот откако Мајкл Оливер досуди сомнителен пенал.
Оваа година Ливерпул ја заврши на лидерската позиција со 54 бода, девет повеќе од Тотенхем и десет од Манчестер сити кои имаат натпревар помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Симеоне и Анчелоти си поделија комплименти пред дербито во ЛШ

Градското дерби, наречено „Мадрилењо“, сигурно е најпривлечниот двомеч во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра утре на „Бернабеу“, домот на Реал Мадрид.
Во пресрет на натпреварот, тренерите Диего Чоло Симеоне и Карло Анчелоти, си поделија комплименти на прес конференциите.
„Ќе биде спектакл за Мадрид, за градот, го имаме овој натпревар каде Реал Мадрид игра против Атлетико Мадрид. Спектакл и за Шпанија, бидејќи тоа значи дека шпански тим дефинитивно ќе биде во четвртфиналето и тоа е добро. За сите нас кои ќе учествуваме во натпреварот, треба да уживаме во него, апсолутно да уживаме. Ова е исклучително важен натпревар против ривал кој многу го почитуваме, подготвени сме на се“, вели Симоне и додава:
„Отсекогаш сум гледал на Барселона и Реал поради нивната историја и тоа не се смени никогаш. Историите на тие два клуба се неверојатни. А ние растеме на еден чист начин, тоа е прекрасно“, рече тренерот на Атлетико.
Атлетико е непоразен во седум последователни дербија со Реал Мадрид, а тимот на Симеоне моментално е во серија од десет натпревари без пораз во сите натпреварувања, односно има само еден проаз на последните 26 натпревари.
„Се сеќавам (зборува за Чоло Симеоне) дека постигна гол за Лацио против Јувентус. Се бореа за титулата, Лацио победи и стана шампион. Мислам дека беше 2000 година. Имам голема почит кон него како тренер. Тој е одличен! Го крена Атлетико до највисокото ниво во Европа. Ми се допаѓа начинот на кој ги чита натпреварите, го води тимот, а исто така и како неговиот тим изгледа дефанзивно поради стратегијата “, изјави Анчелоти и додаде.
„Дербито е секогаш исто, тоа е посебен натпревар по емоции и притисок. Така ќе биде и утре. Ќе биде тесно и изедначено, одлуката ќе падне во реваншот. Наша цел утре е да одиграме добро, да создадеме предност, но не размислуваме колку ќе биде голема наа предност“.
Спорт
Лауреус ги објави номинациите за спортист на годината

Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти од претходната година.
Во потесниот круг се најдоа Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, Карлос Алкараз, шпански тенисер, Арман Дуплантис, шведски атлетичар, Леон Маршанд, француски пливач и Макс Ферстапен, холандски Формула 1 возач.
Кандидати за престижната награда кај дамите се: гимнастичарката Симон Бајлс, фудбалерката Ајтана Бонмати, тенисерката Арина Сабаленка и атлетичарките Сифан Хасан, Фејт Кипјегон и Сиднеј Меклафлин.
Лауреус, поради допинг скандалот, минатата недела ја повлече номинацијата на италијанскиот тенисер Јаник Синер.
Спорт
Ждрепката за Евробаскетот ќе се одржи на 27. март

Одредени се шеширите за ждрепката за 42. издание на ФИБА Евробаскетот, на кој ќе учествуваат 24. репрезентации поделени во четири групи.
Прв шешир: Србија, Германија, Франција, Шпанија
Втор шешир: Летонија, Литванија, Словенија, Грција
Трет шешир: Италија, Црна Гора, Полска, Чешка
Четврти шешир: Финска, Грузија, Турција, Израел
Петти шешир: Белгија, Босна и Херцеговина, Естонија, Велика Британија
Шести шешир: Шведска, Исланд, Португалија, Кипар.
Ждрепката е закажана за 14 часот во Рига на 27 март, кога ќе бидат објавени четирите групи од шест репрезентации. Пласман во нокаут фазата ќе изборат по четири селекции од секоја група.
Европското првенство ќе се одржи во четири држави: Летонија, Полска, Кипар и Финска.
Домаќините добија пораво да изберат по еден противник. Кипар ја избра Грција, Финска ја избра Литванија.
Титулата од претходниот шампионат ќе ја брани Шпанија.