Спорт
Лион или Шахтјор, кој ќе избори пласман во осмина-финалето
Вечерва ќе се одиграат последните осум натпревари, во фазата по групи, во Лигата на шампионите. Од групите Е, Ф, Г и Х седум тима веќе изборија пласман во осмина-финалето, а единствената дилема е која екипа од Ф-групата (Шахтјор или Лион) ќе му се прик…

Вечерва ќе се одиграат последните осум натпревари во фазата по групи во Лигата на шампионите. Од групите Е, Ф, Г и Х седум тима веќе изборија пласман во осмина-финалето, а единствената дилема е која екипа од Ф-групата (Шахтјор или Лион) ќе му се приклучи на Манчестер сити во нокаут-рундата.
Манчестер сити го освои веќе првото место во Ф-групата. Вечерва „граѓаните“ ќе го пречекаат Хофенхајм, кој сè уште има некакви шанси да дојде до третото место.
Вториот меч помеѓу Шахтјор и Лион ќе реши кој тим ќе биде втор на табелата. На украинскиот шампион му е потребна победа, само таа ќе го однесе во осмина-финалето. Секој друг резултат во осмина-финалист ќе го промовира Лион.
Мали дилеми има, но само околу позициите на табелите има во групите Е и Х. Баерн е лидер во Е-групата и не смее да загуби во Амстердам од Ајакс, доколку сака да остане на првото место.
Победа за потврда на првото место им е неопходна и на фудбалерите на Јувентус, но само доколку Манчестер Јунајтед победи во Валенсија. Јувентус гостува во Берн, кај швајцарскиот првак Јанг Бојс.
Групата Г ја освои Реал пред Рома, а за третата позиција се борат Викторија Плзен и ЦСКА Москва. Пораз на ЦСКА во Мадрид ќе им го обезбеди третото место на фудбалерите на Викторија.
Група Е:
21.00 Ајакс-Баерн Минхен
21.00 Бенфика-АЕК Атина
Табела: Баерн 13, Ајакс 10, Бенфика 4, АЕК 0
Група Ф:
21.00 Манчестер сити-Хофенхајм
21.00 Шахтјор-Лион
Табела: Манчестер сити 10, Лион 7, Шахтјор 5, Хофенхајм 3
Група Г:
18.55 Реал Мадрид-ЦСКА Москва
18.55 Викторија Плзењ-Рома
Табела: Реал 12, Рома 9, Викторија 4, ЦСКА 4
Група Х:
21.00 Јанг Бојс-Јувентус
21.00 Валенсија-Манчестер Јунајтед
Табела: Јувентус 12, Манчестер Јунајтед 10, Валенсија 5, Јанг Бојс 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

