Спорт
Лопетеги: Лука ќе остане, а Матео тренира со екипата
Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги е убеден дека хрватските репрезентативци Матео Ковачиќ и Лука Модриќ ќе останат во тимот.
Интер настојува да го ангажира Модриќ, додека Ковачиќ побарал трансфер и поради тоа според шпекулациите стапил во штр…

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги е убеден дека хрватските репрезентативци Матео Ковачиќ и Лука Модриќ ќе останат во тимот.
Интер настојува да го ангажира Модриќ, додека Ковачиќ побарал трансфер и поради тоа според шпекулациите стапил во штрајк, односно не тренирал.
Интер за Модиќ подготвил четири годишен договор вреден 10 милиони евра по сезона (во Реал заработува 7,2 милиони евра), меѓутоа Реал нема намера да го пушти во Милано.
„Претседалелот Флорентино Перез разговараше со него и јас не се сомневам дека тој ќе остане. Среќен е тука. Дали сум разговарал со Лука? Разговарам со моите играчи кога сметам дека тоа е потребно, но тоа се приватни работи“, рекол Лопетеги.
Тренерот на Реал ги негирал и шпекулациите дека одбил да тренира со тимот бидејќи клубот не му дозволува трансфер.
„Имам доказ дека Ковачиќ тренираше со соиграчите. Тука немаме проблеми“, дополнил Лоптеги.
Инаку, Реал на својот профил на „Твитер“, обајви фотграфии на кои се гледа дека Ковачиќ тренира со остатокот од екипата на „Ред Бул“ арената во Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

