Спорт
„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпионирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)
Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса призна дека ги шпиунирал сите тимови во Чемпионшип оваа сезона со неверојатна пауер-поинт презентација од 70 минути во која ја покажа својата анализа како да се победи Дерби каунти.
Ова доаѓа откако човек на Л…

Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса, призна дека ги шпионирал сите тимови во Чемпионшип оваа сезона со неверојатна пауерпоинт-презентација од 70 минути во која ја покажа својата анализа како да се победи Дерби каунти.
Ова доаѓа откако човек на Лидс беше уапсен откако со двоглед го надгледувал затворениот тренинг на Дерби, а Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе спроведе детална истрага.
Наместо да ги демантира овие информации, Биелса не скри ништо, покажувајќи како ги подготвува своите фудбалери против противниците, дека има статистика на часови снимки на сите ривали и формации со посебен фокус на мечот со Дерби. Менаџерот на Дерби, Френк Лампард, тврдеше дека ова е „поминување на сите граници“, но Биелса не се согласува.
Пред медиумите и целиот негов тренерски тим, Биелса преку својот верен преведувач Салим Ламрани даде детални одговори.
„Не сакам да се споредувам со претходни вакви случаи, и знам дека некои сметаат дека ова не е фер-плеј, но нема да се бранам со напад на другите. Тоа што го направив не е нелегално. Никаде во правилата нема такво нешто. Можеме да разговараме за тоа дали е добра работа, но не е нелегално. Кога го гледате противникот сакате да добиете информации – кој ќе бида стартниот состав, кој ќе биде тактичкиот ситем. Кога го гледате тренингот на противникот ги добивате тие информации или ги потврдувате своите“, вели Биелса.
University lecturer Bielsa might now be my new favourite Bielsa. pic.twitter.com/tz1lPNkQ4u
— Daniel Edwards ? (@DanEdwardsGoal) January 16, 2019
Шпиунажата се исплатеше – Алиоски со асистенција, Лидс го доби Дерби (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

