Спорт
ЛШ: Клучен меч за Јунајтед и Мурињо
Вечерва ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите, во групите Е, Ф, Г и Х. Фокусот на медиумите ќе биде во Манчестер, каде на „Олд Трафорд“ Јунајтед ќе ја пречека Валенсија.
Манчестер јунајтед го има најлошиот старт во Премиер…

Вечерва ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите, во групите Е, Ф, Г и Х. Фокусот на медиумите ќе биде во Манчестер, каде на „Олд Трафорд“ Јунајтед ќе ја пречека Валенсија.
Манчестер јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години. Четири порази во првите седум кола и елиминацијата од Дерби каунти во Лига купот, сериозно му ги разнишаа позициите на менаџерот Жозе Мурињо, кој целосно ја има загубено довербата кај своите играчи.
Шпекулациите се дека во Јунајѕед му подготвуваат отказ на Потугалецот, дури и доколку победи вечерва против Валенсија и во наредниот дуел во Премиер лигата против Њукасл.

„Секогаш е тешко кога ќе изгубите, а особено е тоа тешко доколку сте играч на вака голем клуб. Не е лесно, но таков е животот. Свесни сме дека не бевме добри на последните натпревари. Сите работиме да го решиме проблемот. Сите сме одговорни. Разговаравме и јасно ние дека ситуацијата е лоша. Менаџерот се обидува да ја сврти целата ситуација во наша корист, а предизвикот е уште поголем бидејќи сите сакаат да го победат Јунајтед. Притисокот постои, но не се исплашени“, рекол на прес конференцијата пред мечот со Валенсија, српскиот репрезентативец Немања матиќ.
Група Е:
21.00 АЕК-Бенфика
21:00 Баерн Минхен-Ајакс
Табела: Ајакс 3, Баерн 3, Бенфика 0, АЕК 0
Група Ф:
18.55 Хофенхајм-Манчестер сити
21.00 Лион-Шахтјор
Табела: Лион 3, Шахтјор 1, Хофенхајм 1, Манчестер сити 0
Група Г:
21.00 ЦСКА Москва-Реал Мадрид
21.00 Рома-Викторија Плзењ
Табела: Реал 3, Викторија 1, ЦСКА 1, Рома 0
Група Х:
18.55 Јувентус-Јанг Бојс
21.00 Манчестер јунајтед-Валенсија
Табела: Јувентус 3, Манчестер јунајтед 3, Јанг Бојс 0, Валенсија 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

