Спорт
Мавровскиот меморијал ќе се одржи од 12 до 14 февруари
Мавровски меморијал е спортска манифестација што го промовира едно од најубавите туристички атракции, но и Македонија воопшто. Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електросистемот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина во 1956 година.
Оваа година настанот ќе се одржи од 12 до 14 февруари на патеката Мирна долина, во Маврово, 56-ти пат по ред.
На прес-конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт зборуваше директорот на АМС, Дарко Каевски, како и претставници од одборот за реализација на настанот.
„Нашата визија е да се најдеме во европската елита на нордиското скијање, и затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС-натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот“, истакна Каевски.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт, како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година.
„Ќе ја искористам оваа пригода да упатам апел до сите вљубеници во зимските спортови, на планинските убавини на Македонија, да бидат дел од овој настан, во насока на поддршка на македонските претставници во нордиско скијање, но и спортот во целина“, порача Каевски.
За деталите зборуваше претседателот на Мавровски меморијал, Кочо Кирацов, како и селекторот на македонската репрезентација во нордиско трчање, Ѓоко Диневски.
Освен македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција и Бугарија.
По 20 во машка и женска конкуренција на патеката од 10 односно 5 километри, ќе настапат и звучните имиња како Ангелис Апостолис од Грција, Мартин Пенчев од Бугарија, Дадиќ Еди од Хрватска, и секако македонскиот претставник Ставре Јада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

