Спорт
Македонската фудбалска репрезентација ги игра најважните натпревари против Полска и Австрија
Македонската фудбалска репрезентација на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕП 2020. Ќе се соочиме со две репрезентации од самиот фудбалски крем, кои последниве години се дел од сите големи натпреварувања, секогаш незгодни и конкурентни, дури и за најголемите светски велесили.
Полска е со тим што поседува огромен индивидуален квалитет, Милик, Левандовски, Пјатек, Зјелински и ред други, од кои секогаш се има големи очекувања и врвни фудбалски мајстории.
Австрија по слабиот старт веќе нема простор за грешки. Секој изгубен бод може многу да ја чини, што дополнително ги подгрева тензиите и очекувањата, и поради што ќе влезе многу сериозно во натпреварот со Македонија.
Нашиот национален тим има четири бода по стартните два меча против Летонија (3-1) и Словенија (1-1), а во наредните два дуела на домашен терен со фаворитите во групата влегува со оптимизам.
А нашите Пандев, Алиоски, Барди, Несторовски и другарите не се ништо послаби! Добро ги почнавме квалификациите, се наоѓаме во добра форма, имаме одлични енергија и заедништво и секако очекуваме добри резултати на овие два натпревара.
„Ова е период на пресвртница. Бодовите против фаворитите вредат двојно. Овие натпревари се вистински предизвик за нас, за проверка на нашите потенцијали. Секако се натпревари што се најважни во овој циклус затоа што знаеме што би добиле со позитивен резултат против овие ривали“, изјави Ангеловски.
И двата меча се играат на Арената „Тоше Проески“ во Скопје од 20.45 часот.
ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕП 2020.
Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација може да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа на „МК тикетс“ и на посебен пулт на ФФМ во „Скопје сити мол“ (пред влезот на кафулето „Плеј“). Влезници ќе може да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1 јуни (сабота), а од 3 јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, куќата на фудбалот.
Цената на влезниците изнесува 150 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино си заминува од Челзи
Од Англија пристигнуваат вести дека аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе го напушти Челзи.
„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови.
Со ова изборија пласман во Конференциската лига, што секако не соодветствува со амбициите на клубот.
BREAKING: Mauricio Pochettino is leaving Chelsea as head coach after one season in charge 🚨🔵 pic.twitter.com/8Forlxrsdj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 21, 2024
Особено по огромните инвестиции кои ги имаше Челзи, а Покетино мораше да го плати цехот.
По завршувањето на сезоната, Аргентинецот имаше средба со челниците на клубот и со заедничка одлука беше решено двете страни да се разделат.
Се уште не е познато кој е во плановите на раководството на Челзи за негов наследник.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.