Спорт
Македонските кошаркари го решија Косово
Македонската кошаркарска репрезентација, вечерва, во рамките на втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство, го совладаа Косово со 78:68 (29:16, 10:19, 22:12, 17:21).
Најдобрите кошаркари осцилираа во првото полувреме, кое го…


Македонската кошаркарска репрезентација, вечерва, во рамките на втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство, го совладаа Косово со 78:68 (29:16, 10:19, 22:12, 17:21).
Најдобрите кошаркари осцилираа во првото полувреме, кое го отворија со фуриозната игра во првата четвртина кога постигнаа 29, а примија 16 коша, но во втората, кога не функционираше нападот, му дозволија на противникот да ја намали разликата на четири коша.
Сепак, изданието во третиот период, кој го добија 10 поени им овозможи мирен влез во решавачкиот период.
Македонија го задржа максималниот ефект, има три победи и во февруари во Романија ќе треба да го завери првото место на табелата. За такво нешто Македонија може да си дозволи и пораз но тој не смее да биде поголем од 14 поени.
Четворица кошаркари во победата над Косово постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Трајковски со 23, Витингтон постигна 15, Војдан Стојановски 14, а неговиот брат близнак Дамјан 10 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борнмут и Ливерпул го договорија трансферот на Керкез

Милош Керкез, унгарски фудбалер од српско потекло, го договори трансферот во Ливерпул.
Борнмут од трансферот ќе заработи 40 милиони фунти.
Во следните неколку дена, Керкез ќе треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише договор со „црвените“.
Керкез ќе биде трето засилување за Ливерпул, откако клубот ги договори Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц.
Милош Керкез одигра 38 натпревари за Борнмут минатата сезона, постигна два гола и забележа пет асистенции.
Спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, го донесе Керкез од АЗ Алкмар за околу 18 милиони евра во 2023 година, кога тој ја извршуваше таа позиција во Борнмут.
Спорт
29-годишник ќе ја предводи Парма

Италијанскиот фудбалски клуб Парма назначи нов тренер, откако Кристијан Киву ја напушти клупата за да го преземе Интер.
Нов тренер на познатиот клуб е шпанскиот стручњак Карлос Куеста, кој потпиша двегодишен договор.
Станува збор за 29-годишник кој стана најмладиот тренер во историјата на Серија А и моментално најмладиот главен тренер во една од петте најсилни европски лиги.
Куеста ја започна својата тренерска кариера во 2014 година како 19-годишник во Атлетико Мадрид, каде што беше асистент во тимот до 17 години.
Од 2018 до 2020 година, тој беше асистент во тимот на Јувентус до 17 години, а во последните пет години беше помошник тренер во Арсенал, а Микел Артета го научи практично сè што знае за тренерската работа.
Парма моментално има пет играчи кои се постари од тренерот, а најискусен меѓу нив е поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Милан Ѓуриќ (35).
„Млекарите“ ја завршија претходната сезона на 16-то место.
Спорт
Кеј-Ди стана малцински сопственик на ПСЖ

Славниот американски кошаркар Кевин Дурант, преку својата компанија, стана малцински сопственик на актуелниот шампион на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен.
Компанијата на Дурант „Boardroom Sports Holdings, LLC“ склучи договор со мнозинскиот сопственик на клубот, Катарскиот инвестициски фонд (QSI), за соработка и инвестиции во Пари Сен Жермен.
Еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња веќе некое време ги поддржува Парижаните на различни начини, тој е чест гостин на натпреварите, а соработката сега е подигната на повисоко ниво.
„Преку ова партнерство, Дурант, преку „Boardroom“, ќе стекне директен малцински удел во клубот“, се наведува во соопштението на клубот.
Исто така, претходно оваа недела, компанијата во мнозинска сопственост „Qatar Sports Investments“ и „Boardroom Sports Holdings“ потпишаа договор за купување акции и стратешко партнерство, со што се формализира директниот влез на Дурант како малцински акционер во ПСЖ.
Ова партнерство, според соопштението, вклучува широк спектар на комерцијални, инвестициски и иницијативи за производство на содржини.