Спорт
Мане го скршил палецот (Фото)

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, на тренингот на репрезентацијата на Сенегал го скршил палецот. Поради оваа повреда Мане ќе пропушти неколку натпревари на својот клуб, Ливерпул.
Sadio Mane has broken this left thumb in training with Senegal national team, his injury could get worse if he played. He’s expected to miss the game vs. Sudan and Liverpool’s clash against Huddersfield in the Premier League. pic.twitter.com/U8weZuucy7
— Mootaz Chehade (@MHChehade) October 15, 2018
Она што засега е сигурно е дека Мане нема да игра денес за Сенегелапротив Судан, а нема да биде ниту во составот на Ливерпул ниту викендов на натпреварот против Хадерсфилд
Потоа Ливерпул, на 24.октомври, ќе ја пречека Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите, а Мане е неизвесен и за тој натпревар. Конечниот збор дали ќе игра против српскиот шампион, а и на натпреварот потоа, против Кардиф во Премиер лигата.
Sadio Mane was taken to the hospital this afternoon due to a minor injury in his hand ahead of Senegal’s game against Sudan. pic.twitter.com/xOIoZmWMKK
— Mootaz Chehade (@MHChehade) October 15, 2018

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, на тренингот на репрезентацијата на Сенегал го скршил палецот. Поради оваа повреда Мане ќе пропушти неколку натпревари на својот клуб, Ливерпул.
Sadio Mane has broken this left thumb in training with Senegal national team, his injury could get worse if he played. He’s expected to miss the game vs. Sudan and Liverpool’s clash against Huddersfield in the Premier League. pic.twitter.com/U8weZuucy7
— Mootaz Chehade (@MHChehade) October 15, 2018
Она што засега е сигурно е дека Мане нема да игра денеска за Сенегел а против Судан, а нема да биде ниту во составот на Ливерпул ниту викендов на натпреварот со Хадерсфилд
Потоа Ливерпул на 24 октомври ќе ја пречека Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите, а Мане е неизвесен и за тој натпревар.
Sadio Mane was taken to the hospital this afternoon due to a minor injury in his hand ahead of Senegal’s game against Sudan. pic.twitter.com/xOIoZmWMKK
— Mootaz Chehade (@MHChehade) October 15, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Свитолина за 59 минути ја победи Гоф
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја декласира Коко Гоф и се пласира во првото полуфинале на Австралија Опен во својата кариера.
Свитолина неочекувано лесно ја победи Гоф со 6:1, 6:2, за само 59 минути игра.
Искусната Украинка леташе по теренот, „пукаше“ винери од сите оружја, додека Гоф одеше од грешка во грешка и во ниту еден момент не изгледаше како трета тенисерка во светот.
Во првиот сет, Американката ги загуби сите четири сервис гејма, а на крајот од мечот имаше неверојатно лоша статистика.
Направи три винери и 26 неизнудени грешки.
Ова беше десетта победа по ред на Свитолина во 2026 година, а од почетокот на сезоната изгуби само еден сет.
Нејзината противничка во полуфиналето исто така има резултат од 10-0, но таа не изгубила ниту еден сет. Тоа е Арина Сабаленка, и тоа ќе биде нивниот седми дуел – Белорусинката моментално води со 5-1. Овој дуел на програмата е во четврток од 9.30 часот по македонско време.
Foto/ depositphotos
Спорт
ПСЖ го официјализира трансферот на Дро Фернандез
Барселона остана без еден од своите најголеми таленти, Дро Фернандез, кој потпиша за ПСЖ. Парижаните ќе платат 8,2 милиони евра за неговите услуги.
Неговото целосно име е Педро Фернандез Сармиенто, а неговата мајка е од Филипините. Роден во Галиција, недалеку од португалската граница. Дро Фернандез се приклучи на Барселона од ЕД Вал Мињор Нигран и брзо напредуваше во младинските категории. За само три години, тој премина од тимот до 15 години во првиот тим.
Пред оваа сезона, Фернандез требаше да игра за Барса Атлетик, вториот тим на клубот што се натпреварува во четвртата дивизија.
Сепак, тој ги надмина сите очекувања за време на предсезоната, а тренерот Ханси Флик редовно го вклучуваше во првиот тим секогаш кога беше во форма. Иако одигра само неколку натпревари, Флик немаше дилеми да му даде шанса на 17-годишникот дури и во важни натпревари.
Оваа сезона, тој го имаше своето деби во стартниот состав против Реал Сосиедад, а еден месец подоцна го имаше и својот прв настап во Лигата на шампионите.
Bienvenue Dro Fernández ! ✍️❤️💙 pic.twitter.com/3GWe8Ufswr
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 26, 2026
И покрај ова, неговата иднина не е на „Камп Ноу“, бидејќи ПСЖ го договори неговиот трансфер. Моменталната пазарна вредност на Фернандез се проценува на 10 милиони евра.
Спорт
Берокал нов селектор на кошаркарската репрезентација
Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката репрезентација.
Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување.
Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во 13 различни национални лиги и девет држави, што го вбројува меѓу најискусните интернационални тренери во европската кошарка.
Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).
Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет.
Покрај работата со сениорски екипи, Берокал има и значајно искуство во развој на млади играчи, со 15 години работа во младински категории, вклучително и освојување на две шампионски титули во Шпанија со У18 селекции.
Неговата работа е препознаена како системска, дисциплинирана и насочена кон долгорочен развој на играчи и тимови.
Ангажманот на Жозеп Мариа Берокал претставува дел од стратешката определба на кошаркарската федерација на Македонија за подигнување на стручните стандарди, воспоставување на јасен систем на работа и градење конкурентна сениорска репрезентација, во тесна поврзаност со младинските селекции.
Федерацијата изразува уверување дека искуството, знаењето и меѓународниот авторитет на новиот селектор ќе придонесат за стабилност, напредок и јасна визија во натамошниот развој на македонската кошарка.
Izvor/ Foto: mkd.basketball

