Спорт
Манчестер Сити казнет

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити е казнет со 120.000 фунти поради протестите на своите играчи против судиските одлуки на натпреварот од Премиер лигата против Тотенхем.
Фудбалерите на Сити го опколија судијата Хупер откако тој не дозволи предност при напад на тимот од Манчестер.
Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Сити прифатил дека не успеал да обезбеди неговите играчи „да не се однесуваат несоодветно“ за време на инцидентот.
Во протестите се истакна напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, кој продолжи да го критикува судијата и по завршувањето на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нико Паз се враќа во Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ретко признава грешки, овој пат е подготвен да го стори тоа, сака да го врати офанзивниот играч за врска Нико Паз (20), кој е дете на клубот, но му беше продаден на Комо пред една година за шест милиони евра.
Паз, блесна под водство на Сеск Фабрегас, постигнува шест гола и забележа осум асистенции, беше прогласен за најдобар млад играч во Серија А.
Перез има среќа, бидејќи според клаузулата во неговиот договор, Реал Мадрид има право да го откупи ова лето за осум милиони евра. Реал нема да ја пропушти оваа можност, бидејќи според „Трансфермаркт“, вредноста на Паз изнесува 35 милиони евра.
Спорт
Челси со трофеј во Конференциската лига заработи иста сума како Слован со сите порази во ЛШ

Челзи, синоќа со импресивен пресврт во Вроцлав, го победи Бетис со 4:1 и го освои трофејот во Конференциската лига. „Сините“ сега се единствениот тим со трофеј во сите натпреварувања во организација на УЕФА.
Титулата во Конференциската лига на Челси им донесе и парична награда, кој сепак е мизерна во однос на наградите кои се делат во Лигата на шампионите.
Сезоната во Конференциската лига, Челси ја заврши без пораз, со само еден нерешен резултат. Парично, УЕФА на Челси му додели 21,99 милиони евра.
За клуб од Англија, особено за тим што инвестирал толку многу пари во тимот и трансферите, овој награден фонд не претставува практично ништо.
За споредба, Челзи заработи речиси иста сума пари со освојувањето на Лига конференцијата како и Слован Братислава само со учество во Лигата на шампионите.
Словачкиот тим, не се прослави во елитното европско натпреварување. Во осум натпревари, забележаа исто толку порази и завршија последни на табелата. Сепак, заработија речиси исто како и Челзи, поточно 21,87 милиони евра.
Спорт
Та потпиша четири годишен договор со Баерн

Поранешниот играч и капитен на Баер Леверкузен, Џонатан Та, потпиша за Баерн Минхен.
Германскиот дефанзивец, дојде во Баерн како слободен играч, со Баварците потпиша договор до 2029 година. Тој ќе го носи дресот со број четири.
„Во Џонатан Тау, добивме играч со меѓународно искуство и квалитет, на кого нема да му треба долго време да се етаблира во нашата одбрана. Тој ќе биде добро и важно засилување за нас со своите технички квалитети, како и со своите манири и лидерски способности“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Та (29) играше за Баер Леверкузен од 2015 година, настапи на вкупно 402 натпревари. Неговиот договор со Баер истече по завршувањето на сезоната 2024/25.
Како играч на Баер, тој беше избран три пати во идеалниот тим на Лига Европа, додека двапати беше член и на најдобриот тим на Бундеслигата.
Одигра вкупно 35 натпревари за германската репрезентација, за која дебитираше во 2016 година.