Контакт

Спорт

Манчестер сити нокаутиран на Енфилд (Видео)

Екипата на Ливерпул го декласира Манчестер сити 3:0 во англиското дерби, во рамките на четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Јирген Клоп го надмудри Пеп Гвардиола, а Ливерпул за половина час го прегази идниот шампион на Англија. „Црвените“ демонстри…

Објавено пред

Екипата на Ливерпул го декласира Манчестер сити 3:0 во англиското дерби во рамките на четврт-финалето во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Јирген Клоп го надмудри Пеп Гвардиола, а Ливерпул за половина час го прегази идниот шампион на Англија. „Црвените“ демонстрираа моќ во двата правца, во првото полувреме белскаа во нападот кога ги постигнаа головите, а во второто ги затворија сите приоди кон својот гол не дозволувајќи му на противникот да упати ниту еден директен удар кон Кариус.

Дамка на победата фрли повредата на Мохамед Салах, кој го напушти теренот на почетокот на второто полувреме.

Сити, иако го имаше поседот на топката, дефанзивно дејствуваше како вторкласен тим, што и му овозможи на Ливерпул трипати да го совлада Едерсон.

Салах до крајот ја следеше акцијата на Фирмино во 12. минута и на крајот нерешителниот Вокер успеа да го постигне првиот гол на мечот. Најдобриот играч на Ливерпул го постигна својот седми гол во Лигата на шампионите оваа сезона.

Голот постигнат во раната фаза на мечот дополнително им ја зголеми самодовербата на домашните фудбалери, кои продолжија со високиот пресинг.

Милнер одзеде една топка длабоко на половината на Сити, таа стигна до Окслејд-Чембрлен, кој непречен од никого испрати вистински прокетил од 25 метри за 2:0.

Сити по вториот примен гол се обиде дополнително да ја отвори играта, но сите нивни обиди лесно ги одиваше одбраната на Ливерпул.

Конечниот резултат го постави Мане по центаршутот на Салах. Сенегалецот меѓу двајца деванзивци со глава го совлада Едерсон.

Во вториот дел Сити повотрно ја контролира играта, но не успеваше никако да го пробие двојниот блок што го поставија противничките играчи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Скапо ги плати грешките, Окон ќе го напушти Алпин

Објавено пред

Естебан Окон ќе го напушти Алпин на крајот од актуелната сезона. Францускиот тим има лоша сезона, а работите сериозно се вжештија по амбициозниот обид на Окон да го претекне тимскиот колега Пјер Гасли на Големата награда на Монте Карло.

dobivaj vesti na viber

Окон удри во задниот дел од возилото на неговиот колега, го оштети своето возило и по само еден круг испадна од трката. Бидејќи ова не му беше прва глупост што ја направи тимот реши да се раздели со возачот.

По ангажманот во Форс Индија, Французинот се избори за договор со Рено, кој го промени брендот во 2021 година и го доби името Алпин. Окон одлично се снајде во францускиот тим, дури и победи на Големата награда на Унгарија во 2021 година, беше осми во генералниот пласман во 2022 година, но 2024 година е кошмарна за целиот тим.

Се шпекулураше дека Алпин ќе го казни Окон со тоа што нема да му дозволи да вози на Големата награда на Канада, но последиците за Окон ќе бидат поголеми.

Ќе го напушти тимот и веќе е во потрага по нов ангажман. Медиумите шпекулираат дека наредната сезона би можел да вози во Хас или Заубер.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Мбапе не знаејќи на јавноста и откри кога Реал ќе го објави неговиот трансфер

Објавено пред

Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид. Напаѓачот утрово на францускиот претседател Емануел Макрон му открил кога трансферот ќе биде официјално потврден.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Франција го посети кампот на националниот тим кој се подготвува за Европското првенство. На заминување разговараше со Мбапе.

„Како си? Дали е потпишано?“, го праша Макрон францускиот напаѓач, а тој кимна со главата како потврда.

Потоа, Макрон го праша Мбапе кога се ќе биде официјализирано, а тој одговори:

„Вечерва, вечерва“.

Во Реал го чекаа крајот на сезоната и одигрувањето на финалето на Лигата на шампионите, за да го објават трансферот на Мбапе.

Прикажи повеќе...

Спорт

УЕФА ги избра најдобрите 11 и најдобриот играч во Лигата на шампионите

Објавено пред

Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на стадионот „Вембли“ и ја освои Лигата на шампионите. За Реал ова е 15-та европска титула во историјата, додека Борусија остана на една, освоена во 1997 година. Стрелци беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.

dobivaj vesti na viber

УЕФА денеска го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Во него има по четворица играчи од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а играчот на Реал Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч, додека неговиот соиграч Џуд Белингем е прогласен за најдобар млад играч во Лигата на шампионите.

Тим на сезоната во Лигата на шампионите:

Грегор Кобел (Борусија Дортмунд);
Дани Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Јан Маатсен (Борусија Дортмунд);

Марсел Сабицер (Борусија Дортмунд), Витиња (ПСЖ), Џуд Белингем (Реал Мадрид);

Фил Фоден (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Економија3 часа

Новиот газда на „Еуроникел“ на вработените им нуди минимални плати: Ако не потпишете ќе увеземе работници од Косово

Новите газди на кавадаречки „Еуроникел индустри“ на досегашните вработени кои останаа без работа им понудиле договори за вработување со минимални...

Македонија3 часа

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој...

Свет4 часа

(Видео) Апокалиптични сцени од Германија: обилните дождови предизвикаа големи поплави, за еден ден паднал дожд колку за цел месец

Состојбата со поплавите во јужна Германија и понатаму е напната. Германската метеоролошка служба повторно предупреди на обилни врнежи од дожд....

Македонија5 часа

Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот...

Македонија6 часа

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата

Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо...

Македонија6 часа

Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер

Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и...

Свет7 часа

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет7 часа

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион8 часа

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ23 часа

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија23 часа

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ1 ден

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија1 ден

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт1 ден

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет1 ден

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет1 ден

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет1 ден

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија1 ден

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...