Спорт
Манџо одбил трансфер кај Мурињо
Играчот на Јувентус, Марио Манџукиќ, одбил да се пресели во Манчестер јунајтед пренесува „Калчомеркато“. Мурињо му ветил поголема плата на Хрватот, но тој по состанокот со Масимилијано Алегри решил да остане во Јувентус.
Марио Манџукиќ игра за Јувентус…
Играчот на Јувентус, Марио Манџукиќ, одбил да се пресели во Манчестер јунајтед пренесува „Калчомеркато“. Мурињо му ветил поголема плата на Хрватот, но тој по состанокот со Масимилијано Алегри решил да остане во Јувентус.
Марио Манџукиќ игра за Јувентус од 2015 година, кога во овој клуб пристигна од редовите на Атлетико Мадрид. Манџо во досегашната кариера има постигнато 34 гола и одиграно 127 натпревари за Јувентус.
Летово, Манџукиќ со репрезентацијата на Хрватска играше во финалето на Светското првенство во Русија, а по завршувањето на мундијалот тој објави крај на кариерата во националниот тим, за кој одиграл 89 натпревари и постигнал 33 гола.
Манџукиќ имаше богати понуди и од Кина, но тој решил да игра за Јувентус, иако покрај Кинезите и Манчестер јунајтед му нудел извонредни финансиски услови.
„Корпата“ што ја добил од Манџукиќ дополнително ќе го разочара Мурињо, кој во летниот преоден рок не успеа да реализира ниту една своја трансфер желба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно
Лука Јовиќ (27) оваа сезона три пати играше за Милан во Серија А, поточно на теренот мина само 78 минути. Српскиот центарфор не е во плановите на новиот тренер Серж Консеисао. Сличен статус Јовиќ имаше и кај претходниот тренер Паоло Фонсека.
Милан е подготвен да го пушти без обештетување за да заштеди на неговата плата. Јовиќ има договор до крајот на сезоната и во следните шест месеци ќе заработи милион и пол евра. Тој за 500 илјади евра пристигна во Милан од Фиорентина во септември 2023 година. Постигна девет гола и еднаш асистираше во 33 натпревари за Росонерите.
Јовиќ беше хит напаѓач во 2019 година, кога од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра. Во Реал крај Карим Бензема не доби вистинска шанса, па многумина сметаат дека Јовиќ е најлошото засилување во историјата на клубот.
За Реал одигра 51 натпревар, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.
Спорт
(Видео) Морент го немаше никаде па во последната минута ја реши Минесота
На денот кога лошото време го преполови распоредот на НБА и одложи три натпревари, највозбудлив беше мечот меѓу Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис, во кој гостите победија со 127:125 благодарение на неверојатниот Џа Морант.
Натпреварот во Минеаполис беше неизвесен од почетокот до последната секунда, тимовите 25 пати се менуваа во водствот.
Џа Морант имаше скромна вечер и заврши со само 12 поени, а до последната минута погоди само три од 17 шута, но во финишот одигра спектакуларно.
Прво израмни на 125:125 на 54 секунди до крајот, а во последниот напад на Гризлис погоди од слична ситуација на 18 секунди до крајот. Ентони Едвардс имаше две прилики за три поени да им донесе победа на Вулвс, но не успеа да погоди.
Џарен Џексон Јуниор ги предводеше Гризлис со 33 поени и осум скока и Дезмонд Бејн со 21 поен. Покрај Џексон и Бејн уште петмина играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени.
На спротивната страна Ентони Едвардс имаше подеднакво лош ден како и Морант со само 15 поени и 4/13 шут. Најдобриот меч во Минесота, по трејдот со Њујорк, го одигра Донте Дивиченцо (27 поени, 10 скока и седум асистенции).
Со оваа победа Гризлис се зацврстија на третото место на Западот со скор 25-14, додека Минесота, откако ја прекина серијата од три победи, падна на 20-18 на осмото место на Западот.
Синоќа се одиграа само четири од седумте предвидени натпревари бидејќи во Лос Анџелес беа одложени натпреварите Лејкерс-Сан Антонио и Клиперс-Шарлот поради катастрофалените пожари, а натпреварот Атланта Хокс-Хјустон Рокетс беше одложен поради мразот во Атланта.
Спорт
Невремето направи хаос на Австралија опен
Првиот ден на Австралија опен не започна според желбите на организаторите, бидејќи по само еден час игра започна да врвне дожд.
Невремето пропратено со грмежи никого не остави рамнодушен.
Сите мечеви беа веднаш прекинати, а само оние кои се играа на трите најголеми стадиони: Род Лејвер Арена, Маргарет Корт Арена и Џон Кејн Арена се играат според распоредот.
Во недела, првиот ден на АО, врнежи се прогнозираат во текот на целиот ден, па останува да се види како ќе се развива ситуацијата, но има одредени шанси повеќе да не се играат натпревари освен на споменатите терени кои имаат покрив до крајот на денот.