Спорт
Марко Матераци за „Нептун Македонија“

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија и легендарен дефанзивец на Интер, Марко Матераци, е дел од кампањата на „Нептун Македонија“ за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал 2022 година.
Со вклучувањето на Матераци компанијата уште еднаш потврди дека на своите потрошувачи секогаш организира многу интересни активации со познати личности надвор од границите на нашата држава.
За врвно уживање во фудбалот додека траат натпреварите на СП во Катар, компанијата „Нептун Македонија“ за купувачите обезбеди најдобри понуди со најголем избор на производи, како и многу подароци за сите следбеници на социјалните мрежи на брендот „Нептун“.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аканџи откри зошто си заминал од Манчестер сити

Мануел Аканџи (30) одигра важна улога во тимот на Пеп Гвардиола минатата сезона, сепак во финишот на преодниот рок тој замина на позајмица во Интер. Минатата сезона имаше 40 настапи во сите натпреварувања за Манчестер Сити. Иако немаше статус на играч кој секогаш е во почетниот состав, тој остана важен дел од системот на „Граѓаните“.
Ова лето се соочи со ситуација што не ја очекуваше. Пеп Гвардиола нему и на останатите дефанзивци отворено им ги открил плановите.
„Шестмина бевме на позцијата централен дефанзивец. Тој јасно ни даде до знаење, дека двајца ќе играат, двајца ќе бидат на клупата и дека ќе биде тешко за другите. Тоа не беше убаво да се чуе, бидејќи секогаш очекувам да бидам на теренот“, рече Аканџи на прес-конференцијата по пристигнувањето во Милано.
„Сè уште ми е тешко да разберам дека одеднаш повеќе не сум дел од семејството на Сити, иако некако сè уште се чувствувам така. Сè се случи толку брзо, моето семејство и јас се чувствувавме многу удобно во Манчестер и дефинитивно ќе ни недостига животот таму“, призна Аканџи.
Верува дека добрите игри би можеле да го вратат во Сити: „Факт е дека сум на позајмица, па теоретски враќањето е можно“, заклучи тој.
Спорт
ПСЖ остана без Дембеле и Дуе

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 2:0, но остана без двајца играчи.
Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ.
Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели.
Слична пауза го очекува и Дуе. Младиот напаѓач ќе биде надвор од терените во следните четири недели, а сето ова се случува пред почетокот на Лигата на шампионите, натпреварувањето каде ПСЖ го брани тронот.
Дембеле беше напаѓачки лидер на ПСЖ и минатата сезона, а се предвидува дека ќе биде таков и оваа сезона. Од друга страна, Дуе е новата млада ѕвезда на францускиот фудбал, меѓутоа, двајцата сега ќе мора да земат непланиран одмор.
Спорт
ФИБА: Испаѓањето на Србија е изненадување на векот

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантна елиминација од Евробаскетот од Финска во осминафиналето со пораз од 86:92.
Пред турнирот, Србите беа поставени како главен фаворит, а против Финците исто така беа голем фаворит, на теренот не го покажаа тоа.
Финска ја надигра Србија, доминираше во офанзивниот скок и на крајот славеше и покрај вкупниот шут од 41 отсто.
Сензацијата е главна тема во светот на кошарката. На никого не му е јасно како репрезентацијата која го има Никола Јокиќ си дозволи да биде елиминирана во осминафиналето.
ФИБА, светската кошаркарска федерација, елиминацијата на Србија, поточно сензационалната победа на Финска ја објави со овој наслов. „Изненадувањето на векот. Финска ги исфрли Србија и Никола Јокиќ од Евробаскетот!“
UPSET OF THE CENTURY.
FINLAND 🇫🇮 KICK SERBIA AND NIKOLA JOKIC OUT OF EUROBASKET 🤯#EuroBasket
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025