Спорт
Мбапе: Останувам во Париз!
Една од најголемите ѕвезди на Светското првенство во Русија, 19-годишниот Килијан Мбапе вели дека нема намера да си замине од Пари Сен-Жермен, бидејќи е на „почетокот на кариерата“.
Мбапе ја освои наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот откак…

Една од најголемите ѕвезди на Светското првенство во Русија, 19-годишниот Килијан Мбапе, вели дека нема намера да си замине од Пари Сен-Жермен бидејќи е на „почетокот на кариерата“.
Мбапе ја освои наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот откако помогна Франција да стигне до втората светска титула со 4:2 победата над Хрватска, станувајќи првиот тинејџер по Пеле кој постигнал гол во едно финале.
Мбапе, кој дојде во ПСЖ од Монако, беше споменуван како една опција на Реал Мадрид за носење вистински „галактико“ на „Сантијаго Бернабеу“ по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус. Меѓутоа, по прославата на титулата, Мбапе изјави дека останува каде што е.
„Останувам со ПСЖ, продолжувам на мојот пат во кариерата со нив. Ја почнувам кариерата и мислам дека Париз е вистинско место за мене“, вели Мбапе, кој во 2017/18 постигна 21 голови во сите натпреварувања со тимот од „Паркот на принцовите“.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ рутниски до третото коло на АО
Во 2. коло од Отвореното првенство на Австралија, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Италијанецот Франческо Маестрели со 3-0, во сетови 6:3, 6:2, 6:2. Ѓоковиќ ја забележа 101-та победа на Австралија Опен, а вкупно 399-та на Гренд слем турнирите.
Ѓоковиќ го наметна ритамот од самиот почеток и ја покажа разликата во квалитетот.
Иако Маестрели се обидуваше да остане во сетот преку подолги размени, српскиот тенисер трпеливо чекаше на можноста и стигна до брејк во раната фаза од натпреварот.
Со сигурни сервис гемови, Новак го освои првиот сет до крај без поголеми проблеми. Во вториот и третиот Ѓоковиќ уште повеќе го засили темпото и на крајот, по два часа и 15 минути игра, најдобриот тенисер на сите времиња се пласираше во третото коло.
Во третото коло, Ѓоковиќ ќе се сретне со Ботик ван де Зандшулп, кој го победи Јунченг Шанг.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ливерпул, Барса, Баерн и Јуве сигурни, Челзи едвај го скрши Пафос
Комплетирано е претпоследното, седмо коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Барса преживеа Прага и на крајот стигна до сигурна победа, Ливерпул беше убедлив во Марсеј, Јуве го доби мало дерби против Бенфика, Баерн лесно се псрави со Унион во второто полувреме, а Челзи на „мускули“ го победи Пафос. Њукасл беше убедлив против ПСВ, а Атлетик Билбао, со пресврт во вториот дел победи во Бергамо.
Резултати:
ГАЛАТАСАРАЈ – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1 (1:1)
/Љоренте 20аг – Симеоне 4/
КАРАБАГ – АИНТРАХТ ФРАНКФУРТ 3:2 (1:1)
/Дуран 4, 80, Мустафазаде 90+4 – Узун 10, Шаиби 78 пенал/
АТАЛАНТА – АТЛЕТИК БИЛБАО 2:3 (1:0)
/Скамака 16, Крстовиќ 88 – Гурузета 58, Серано 70, Наваро 74/
БАЕРН – УНИОН СЕН ЖИЛОА 2:0 (0:0)
/Кејн 52, 55пен./
ЧЕЛЗИ – ПАФОС 1:0 (0:0)
/Каиседо 78/
ЈУВЕНТУС – БЕНФИКА 2:0 (0:0)
/Тирам 55, МекКени 64/
МАРСЕЈ – ЛИВЕРПУЛ 0:3 (0:1)
/Собослај 45+1, Медина 73, Гакпо 90+3/
ЊУКАСЛ – ПСВ 3:0 (2:0)
/Виса 8, Гордон 30, 65/
СЛАВИЈА ПРАГА – БАРСЕЛОНА 2:4 (2:2)
/Кусеј 10, Левандовски 44аг – Фермин Лопес 34, 42, Олмо 63, Левандовски 71/
Foto/ EPA
Спорт
Арсенал и Челзи во борба за Арда Гулер
Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок.
Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација.
Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година.
Во меѓувреме, Челзи исто така сака да влезе во трката. Двата клуба веруваат дека Гулер би можел да биде достапен ова лето за околу 90 до 100 милиони евра.

