Спорт
Меси има повеќе победи во Ла Лига од Чави
Лионел Меси го престигна легендарниот Чави според бројот на остварени победи во шпанскиот фудбалски шампионат.
Чави за време на својот мандат во Барселона забележал 322 победи во Ла Лига, а Меси во неделата, кога Барса го декласираше Левенте (5:0), дој…


Лионел Меси го престигна легендарниот Чави според бројот на остварени победи во шпанскиот фудбалски шампионат.
Чави за време на својот мандат во Барселона забележал 322 победи во Ла Лига, а Меси во неделата, кога Барса го декласираше Левенте (5:0), дојде до својата 323. победа во првенството.
Меси сам го победи Левента со хет-трик и две асистенции. Аргентинецот во првите 16 кола има учинок од 14 гола и 10 асистенции.
Messi overtakes Xavi as the @FCBarcelona player with most wins in #LaLigaHistory (323). ? pic.twitter.com/tAK7mWUYk6
— LaLiga (@LaLigaEN) December 16, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пафос освои бод кај Олимпијакос, Бодо/Глимт се врати од 2:0 против Славија

Вчера деботантите Карабаг и Унион Сен Жилоа забележаа сензационални победи во Лисабон над Бенфика, односно во Ајндховен над ПСВ, а и вечерва клубвите што прв пат играат во Лигата на шампионите имаа успешни настапи. Пафос одигра 0:0 против Олимпијакос во Атина, а Бодо/Глимт во Прага се врати по минусот од два гола и одигра 2:2 со Славија.
Спорт
Одбраната на трофејот во Купот Вардар ќе ја почне против Новаци
Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци.
Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025.
Осминафинални двојки во Купот на Македонија:
Македонија ЃП – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија Арачиново – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица
Спорт
Парти инсистира дека е невин по обвиненијата за силување

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад.
Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени.
Парти во тоа време беше член на Арсенал, а веќе една година англиските медиуми пишуваат за овој случај.
„Топџиите“ не го продолжија договорот со 32-годишникот, па тој го напушти клубот како слободен агент и се пресели во Шпанија со одобрение на судот.
Според условите што ги постави судот, Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени, мора да пријави каква било промена на адресата во полиција и мора редовно да одговара на судските покани за сослушувања. Следното е закажано за 2 октомври.
Фудбалерот ги негира сите обвинувања.
Парти синоќа играше за Виљареал, против Тотенхем во првиот натпревар од Лигата на шампионите, на тереното влезе во 78-та минута, но не можеше да го спречи поразот на „Жолтата подморница“.
Парти е роден во 1993 година во Гана, а на 19-годишна возраст дојде во шпански Леганес. Набрзо се пресели во Атлетико Мадрид, во чиј прв тим беше од 2015 до 2020 година, исклучувајќи ги позајмувањата во Мајорка и Алмерија.
Тој беше член на Арсенал од летото 2020 година, кога клубот за неговиот трансфер на Атлетико му плати 50 милиони евра.
Foto/ EPA