Спорт
Металург загуби во последните 20 секунди во Нови Сад (видео)
Металург го забележа својот седми пораз во девет кола во регионалната СЕХА Газпром лига, откако на гостувањето во Нови Сад, Војводина беше подобра со минимални 31:30, губејќи ја предноста која ја имаа направено во првото полувреме.
Металург водеше со 1…


Металург го забележа својот седми пораз во девет кола во регионалната СЕХА Газпром-лига кога на гостувањето во Нови Сад, Војводина, беше подобра со минимални 31:30 губејќи ја предноста што ја имаа направено во првото полувреме.
Металург водеше со 17:15 по првите 30 минути, која ја зголеми на 20:17, по што домашниот тим успеа да се врати во игра и потоа да игра гол за гол сѐ до последната минута кога Душко Челица го постигна победничкиот гол.
Челица имаше седум гола, Милош Грозданиќ уфрли осум за Војводина, а Словенецот Александер Шпенде со седум гола беше најефикасен за македонскиот вицешампион.
Металург останува на претпоследното место на табелата во СЕХА-лигата со 4 поени пред босанскохерцеговскиот Извиѓач со еден поен, пред македонското дерби во регионалната лига со Вардар на 5 декември.
Фото: СЕХА-лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клубот на најбогатиот Европеец влезе во Лига 1

По 46 години, фудбалскиот клуб Париз се врати во Лига 1, елитниот ранг на францускиот фудбал.
На коло до крајот на сезоната, Парижаните го потврдија второто место, зад Лориен, со нерешен резултат со Мартиго на гости (1:1), и со тоа овие два клуба обезбедија директен премин во Лига 1.
Клубот, кој е мнозински контролиран од семејството Арно, кој е управуван од најбогатиот Европеец во светот (Бернард Арно), сигурно нема да застане тука.
Со буџетот што го има на располагање, амбициите се големи, најголеми.
За потсетување, Париз е клуб кој е основан по одвојувањето од Пари Сен Жермен во 1972 година, последен пат играше во Лига 1 во 1978 година и оттогаш игра во пониските лиги.
Во последните години, тој играше четири пати во плејофот за пласман во Лига 1 и секој пат беше елиминиран. Тоа беше време кога семејството Арно не го водеше клубот.
Семејството Арно владее со ФК Париз од ноември 2024 година.
Спорт
Газдата на ПАО удри по судиите и челнците на Евролигата: Ако имате м***ња, добредојдовте во џунглата

Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието на јавноста по поразот на неговиот тим од Анадолу Ефес во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата (85:82).
Со овој триумф, Ефес се избори за мајсторка што ќе се игра во Атина во вторник, но наместо да зборува само за кошарка, пораките на Јанакопулос на „Инстаграм“ привлекоа внимание.
Во низа објави на оваа социјална мрежа, сопственикот на „зелените“ не штедеше на зборови, отворено ги прозва судиите и челниците на Евролигата.
„Евролигата е мафија“, рече Јанакопулос, јасно ставајќи до знаење што мисли за настаните на теренот во Истанбул.
Тој особено се осврна на триото судии познати од терените во регионалната АБА лига.
„Јаворе, Радовиќ, Пукл, ако имате м***ња, добредојдовте во џунглата“, со „хаштагот“ „ова е ОАКА“.
Dimitris Giannakopoulos announced Game 5 of the playoff series between Panathinaikos and Anadolu Efes in his own unique way 👀🍀#EuroLeague #paobc #paobcaktor pic.twitter.com/0Hc8KapETy
— Basketball Sphere (@BSphere_) May 2, 2025
Тој не ги заобиколи ниту водечките луѓе на Евролигата.
„Даниел и Дејан, дојдете на петтиот натпревар. Претпоставувам дека е важен, нели?“.
Јасно е дека Јанакопулос не е задоволен, а неговиот гнев дополнително ја зголемува тензијата пред решавачкиот натпревар.
Спорт
(Видео) Кари и екипата немоќно против Хјустон

Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги победија Голден Стејт Вориорс со 115:107 на гостински терен во плејофот на НБА.
Со победата, Рокетс ја израмнија серијата на 3:3 и обезбедија мајсторка за пласман во конференциското полуфинале пре пред своите навивачи.
Екипата на Хјустон до победата ја предводеше Фред Ванвлит со 29 поени, осум скока и исто толку асистенции, а го следеше Алперен Шенгун со дабл-дабл учинок, односно 21 поен, 14 скока и шест асистенции.
Стивен Адамс имаше двоцифрен број на поени со 17 поени и пет скока, како и Амин Томпсон со 14 поени, седум скока и две асистенции.
Стеф Кари се истакна за Вориорс со 29 поени, седум скока и две асистенции, додека Џими Батлер постигна 27 поени со девет скока и осум асистенции.
Натпреварот беше изедначен речиси до самиот крај, а Рокетс имаа минимално водство од крајот на втората четвртина.
Во ниту еден момент „Воините“ не успеаја да направат пресврт, а во текот на последната четвртина беше и +17 за гостите (106:89).
Седмиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу недела и понеделник во Хјустон од 02:30 часот.