Спорт
Мечевите од Ла лига имаат ефективно само 53 минути фудбал
Со само 53.5 ефективни минути фудбал по натпревар, шпанската Ла лига е „најдобра“ за трошењето време помеѓу најдобрите пет европски лиги.
Иако фудбалските мечеви траат официјално 90 минути плус речиси десет минути продолженија, ниту една од топ 5 лигит…
Со само 53.5 ефективни минути фудбал по натпревар, шпанската Ла лига е „најдобра“ за трошењето време помеѓу најдобрите пет европски лиги.
Иако фудбалските мечеви траат официјално 90 минути плус речиси десет минути продолженија, ниту една од топ 5 лигите не надминува 56 минути ефективен фудбал. Бундеслигата е лидер со 55.7 минути, по што следуваат Серија А (55.6), Премиер лигата (54.6) и француската Лига 1 (53.8) пред Ла лига.
Манчестер сити се тим со најголем просек на одиграни минути – 39.17 минути, додека Барселона е четврта (37.02), а Реал Мадрид петти (35.19). Хетафе е најлошиот тим со само 20.71 минути ефективна игра.
Интернационалниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ) веќе неколку пати разговараше за проблемот на ефективна игра во фудбалот и препорача воведување на мечеви од само еден час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лесна победа за Рома против Џенова
Фудбалерите на Рома ја совладаа Џенова со 3:1 (1:1) во воведниот натпревар од 21. коло во италијанската Серија А.
Избраниците на Клаудио Раниери конечно одиграа добар партија и доминираа за да дојдат до бодовите иако немаа предност по првите 45 минути.
„Волчицата“ поведе во 25. минута со голот на Артем Довбик, но само осум минути подоцна израмни Масини.
Сепак, второто полувреме и припадна на Рома, која конечниот триумф го оствари преку Ел Шарави во 60. минута и Леали кој си постигна автогол во 73. минута.
Рома сега е на деветтото место со 27 освоени бодови, додека Џенова заостанува четири бода на 11. место.
Спорт
(Видео) Борусија Дортмунд ја продолжи лошата серија, загуби во Франкфурт
Во првиот натпревар од 18. коло на Бундес лигата, Ајнтрахт Франкфурт ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Ајнтрахт се зацврсти на третото место во поредокот. Со натпревар помалку заостануваат два бода зад Баер и шест зад лидерот Баерн. Борусија Дортмунд продолжи катастрофалните резултати на гостувањата. Клубот од Дортмунд се уште нема победа во 2025 година. Сезонава ова е шести пораз за клубот од Дортмунд на деветтото гостување во Бундеслигата.
Домашните поведоа во 18. минута кога по десната страна се проби Расмус Кристенсен, а неговата асистенција ја претвори во гол Хуго Екитике. Кај гостите Гуираси ја пропушти најубавата шанса во првото полувреме кога топката заврши во стативата. Резултатот остана 1:0 до 92. минута кога Оскар Хојлунд постигна гол за 2:0.
Ајнтрахт овој натпревар го одигра без Египјанецот Омар Мармуш, напаѓач кој се пресели во Манчестер сити.
Спорт
Блокиран трансферот на Коло Муани во Јувентус
Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонзало Рамос од Бенфика. Муани тогаш играше за Ајнтрахт Франкфурт и брилјираше во Бундеслигата.
ПСЖ реши да издвои 95 милиони евра за неговиот трансфер од Франкфурт, а Муани потпиша петгодишен договор.
16 месеци подоцна, Муани е вишок во ПСЖ. Тренерот Луис Енрике им порача на клупските челници да му бараат нов клуб.
Затоа го испратија на позајмица во Јувентус, кој по истекот на позајмицата ќе има право да го откупи договорот на Муани.
Муани слета во Торино, се сликаше на аеродромот, во клубот го чекаа да го потпише договорот. Но трансферот е блокиран.
Како што пишува новинарот Џанлука Ди Марцио, ПСЖ веќе има шест играчи на позајмица, што е максимално дозволено за еден клуб, според новите правила на ФИФА. .
Во овој момент, Јувентус веќе бара алтернативи за Муани доколку ПСЖ не успее да го реши овој проблем.