Спорт
Милинковиќ-Савиќ во ПСЖ?!
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), играч на Лацио и репрезентативец на Србија, во летниот преоден рок би можел да се пресели во редовите на ПСЖ, објави весникот „Лекип“.
Весникот пишува дека СМС во Париз треба да дојде на местото на Тиаго Мота, кој ја завр…


Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), играч на Лацио и репрезентативец на Србија, во летниот преоден рок би можел да се пресели во редовите на ПСЖ, објави весникот „Лекип“.
Весникот пишува дека СМС во Париз треба да дојде на местото на Тиаго Мота, кој ја заврши кариерата.
За да биде реализиран овој трансфер, ПСЖ ќе треба да ја избегне санкцијата на УЕФА, поради кршењето на финансискиот фер-плеј.
Адут во преговорите околу потписот на српскиот репрезентативец треба да биде менаџерот на фудбалерот, Матеја Кежман, кој во периодот од 2008 до 2010 година го носеше дресот на ПСЖ.
Голем интерес за услугите на 23-годишниот фудбалер покажуваа уште неколку врвни европски тимови: Јувентус, Манчестер јунајтед, Челси, Манчестер сити и реал Мадрид.
Лацио ќе го одбори трансферот на СМС, но не за помалку од 100 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ сезонава во Серија А има учинок од 14 голови и девет асистенции.
Sergej Milinkovic-Savic: PSG keen. Man United referenced again. Developments after the weekend will be pivotal. https://t.co/sOWI2A365s #mufc #psg pic.twitter.com/NsMNrLJXuA
— Sport Witness (@Sport_Witness) May 16, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милевски го објави списокот за натпреварите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026.
Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун, прв пат добиваат повик во најдобриот национален тим.
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Собирот на националниот тим за септемвриските натпревари е закажан за 1. септември во 12:30 часот.
Извор/ ФФМ
Спорт
Јунајтед доби нова понуда за Фернандеш, капитенот треба да реши дали ќе ја прифати

Манчестер јунајтед неодамна доби голема понуда од Ал Итихад за Бруно Фернандеш (30) во износ од приближно 116 милиони евра, објавуваат голем број англиски медиуми. Ова не е прв пат ова лето да пристигне ваква понуда за капитенот на Јунајтед од Саудиска Арабија.
Претходно, Ал Хилал се обиде да го доведе Португалецот со огромен договор од околу 50 милиони евра годишна плата, но Бруно одлучи да остане во клубот.
Почетокот на новата сезона не ветува, Јунајтед освои само еден бод од првите две кола од Премиер лигата, а дополнителна бура предизвика промашениот пенал на Фернандеш против Фулам токму во моментот кога се појавија нови написи за можен трансфер.
Според извештаите, Ал Итихад испратиле нова понуда. Од „Олд Трафорд“ засега не одговориле, решиле одлуката да ја донесе фудбалерот.
Доколку Фернандеш сака да си замине, клубот нема да му застане на патот. Следните неколку дена ќе бидат клучни бидејќи играчот од средниот ред треба да донесе конечна одлука.
Ова би можел да биде најголемиот трансфер во историјата на Јунајтед.
Рекордот моментално го држи продажбата на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид за 94 милиони евра.
Фернандеш му се придружи на Јунајтед пред повеќе од пет години од Спортинг за 65 милиони евра. Тој ги оправда вложените пари и оттогаш постигна 98 гола и имаше 86 асистенции, но нивото на целиот тим не ги следеше неговите индивидуални перформанси. Во Јунајтед, тој го освои Лига Купот и ФА Купот.
Спорт
Неуспешна мисија на Ал-Румајан: Исак не сака да игра за Њукасл

Трансфер сагата продолжува. Александар Исак не сака да игра за Њукасл, сака трансфер во Ливерпул.
Претседателот на Њукасл, Јасир Ал-Румајан, се обиде лично да го убеди шведскиот напаѓач да го промени својот став и да ги почитува професионалните обврски што ги има според договорот и да се врати на тренинзите, но според „Дејли Телеграф“ не успеал.
Исак одамна му поставил на клубот ултиматум дека сака трансфер во шампионите на Премиер лигата, чија последна понуда пред три недели од 110 милиони фунти беше одбиена. Њукасл побара 150 милиони фунти и ни фунта помалку, и тука сè запре.
Напаѓачот не тренира, ниту има намера да го стори тоа, свесен е дека го чекаат сериозни санкции, на крајот можеби тужба од клубот до ФИФА за непочитување на договорот.
Трансфер периодот рок трае уште четир дена, останува да се види што ќе се случи на крајот.
„Долго време не сум актер во овој случај. Го подготвувам тимот за натпреварите и вложувам максимална енергија во тоа. Најдоброто за Њукасл е приказната да се расчисти. Челниците ги презедоа сите чекори, навистина немам поим како ќе заврши сето ова околу Исак“, рече менаџерот Еди Хау, по поразот од Ливерпул.
Но, дури и да не биде реализран трансферот, а Исак да се премисли и да се врати во тимот, навивачите се огорчени од него, дури и направија маички со натпис дека е „стаорец“.