Спорт
Мијатовиќ: Модриќ е најдобар, ја заслужува Златната топка
Големата фудбалска ѕвезда, екс-голгетерот на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ изјави дека е уверен дека Хрватот Лука Модриќ апсолутно ја заслужува Златната топка.
„Постои само еден кандидат за освојување на Златната топка, а тоа е Лука Модриќ. Мислам дека…


Големата фудбалска ѕвезда, екс-голгетерот на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ изјави дека е уверен дека Хрватот Лука Модриќ апсолутно ја заслужува Златната топка.
„Постои само еден кандидат за освојување на Златната топка, а тоа е Лука Модриќ. Мислам дека он ќе ја освои, тој беше најдобар играч на Светското првенство, ја освои наградата The Best“ – вели Мијатовиќ.
Доколку Модриќ стане најдобар играч во изборот на Франс фудбал, се чини дека тоа ќе значи крај на ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Брансон со тројка ги реши Детроит Пистонс

Кошаркарите на Њујорк Никс, трет пат во плеј-офот славеа во Детроит и со 4:2 ја добија серијата против Пистонс. Изминатата ноќ, благодарение на Џејлен Брансон, Никс победија со 116:113.
Најдобриот кошаркар на Никс оваа сезона со тројка во финишот го реши победникот. .
Никс обезбедија пласман во полуфиналето на конференцијата, каде што нивен ривал ќе биде тимот на Бостон, кој без поголеми проблеми го елиминираше Орландо.
Плејмејкерот на Њујорк постигна 40 поени на овој натпревар, со скромни 3/10 шут за три поени. Покрај тоа, тој запиша седум асистенции и два скока. Во тимот на Никс, Микал Бриџис исто така беше расположен со 25 поени, додека Ануноби имаше 22 поени.
Кејд Канингем повторно се истакна за Детроит, кој во овој случај постигна 23 поени, додека Џејлен Дурен имаше 21 поен, а Малик Бизли имаше еден помалку.
Спорт
Пресврт – Бразилците се во преговори со Анчелоти

Претставници на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) преговараат со Карло Анчелоти, но тие разговори се комплицирани од фактот дека италијанскиот тренер има договор за уште една сезона со Реал Мадрид, потврдија два анонимни извори од CBF за агенцијата АП.
Еден извор изјави дека претседателот на Кофедерацјата, Едналдо Родригез, и директорот на репрезентацијата, Родриго Каетано, учествуваат во преговорите со Анчелоти.
Бразил е без селектор од 28 март, бидејќи Доривал Жуниор беше отпуштен три дена по поразот од Аргентина (1:4) во Буенос Аирес.
„И тие ги држат преговорите под контрола. Јасно е дека засега нема договор со никого“, изјави изворот за АП, додавајќи дека CBF „не брза“.
Тој призна дека во Бразил се надеваат дека ќе добијат нов селектор на фудбалската репрезентација пред 20 мај, кога треба да биде објавен составот за двата квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во јуни.
АП наведува дека бразилските медиуми објавија дека Португалецот Жорж Жесус, кој моментално е тренер на Ал Хилал, е алтернатива доколку преговорите со Анчелоти не успеат.
Спорт
(Видео) Клиперси изедначија против Денвер, ќе се игра мајсторка за пласман во четвртфиналето

Лос Анџелес Клиперс ги победија Денвер Нагетс со 111:105 iизминатата ноќ и се изборија за мајсторка. Резултатот во серијата е 3:3, а седмиот натпревар ќе се одигра во ноќта меѓу сабота и недела во Денвер.
Нагетсите повторно беа предводени од српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 25 поени, но 15 реализира во втората четвртина и речиси никаде го немаше во второто полувреме.
Тој постигна само три поени во третата и само два во четвртата четвртина. Покрај Никола Јокиќ, се истакна и Џамал Мареј со 21 поен и 8 скока и асистенции, додека Арон Гордон имаше 19 поени и 5 скока, Кристијан Браун имаше 14, а Расел Вестбрук имаше исто толку со 10 скока и 6 асистенции.
Победничкиот тим на Клиперси го предводеше Џејмс Харден со 28 поени, 6 скока и 8 асистенции, додека Кавај Ленард постигна 27 поени, имаше 10 скока и 5 асистенции.
Норман Пауел исто така беше одличен со 24 поени, а Ивица Зубац имаше 10 и 6 скока.