Спорт
Модриќ, Рамос и Бензема до соиграчите: Кој не може да гине за клубот, нека си оди!
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се наоѓа во серија лоши резултати, во последните две кола освои само 1 бод, па поради тоа се случил бурен состанок во тренинг центарот на клубот, јавуваат шпански извори.
Според информациите, најмногу зборувае капитенот Сер…


Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се наоѓа во серија лоши резултати, во последните две кола освои само 1 бод, па поради тоа се случил бурен состанок во тренинг-центарот на клубот, јавуваат шпански извори.
Според информациите, најмногу зборуваа капитенот Серхио Рамос, Хрватот Лука Модриќ и голгетерот Карим Бензема. Тие им порачале на соиграчите дека е крајно време сериозно да ја разберат позицијата, да го задржат единството и да не изгледаат изгубено на теренот.
Најголема самокритичност покажал левиот бек Марсело, кој пред сите признал дека е далеку од идеалната форма.
Говорот на тројцата најбурни на расправата траел околу половина час, информираат шпански медиуми, а на крајот завршиле со паролата:
„Кој не може да гине за клубот, нека си оди“.
По 18 одиграни кола во Примера, Реал Мадрид се наоѓа на петтата позиција на табелата со 30 бода, 10 помалку од водечката Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.