Спорт
Може ли Рома до сензација против Ливерпул?
Мадридски Реал, вечерва ќе дознае кој ќе му биде противник во финалето, во Лигата на шампионите, откако својот полу-финален реванш ќе го одиграат Рома и Ливерпул. По победата од 5:2 во првиот меч, поблиску до завршниот меч во Киев е Ливерпул, меѓутоа в…

Мадридски Реал вечерва ќе дознае кој ќе му биде противник во финалето во Лигата на шампионите откако својот полуфинален реванш ќе го одиграат Рома и Ливерпул. По победата од 5:2 во првиот меч, поблиску до завршниот меч во Киев е Ливерпул, меѓутоа во Рим веруваат дека Рома може да направи уште едно чудо.
Рома против Ливерпул треба да постигне три гола, а да не прими ниту еден, нешто што играчите на Ди Франческо успеаја во четврт-финалето кога ја елиминираа Барселона.
„Волчицата“ пред натпреварот испрати јасна порака: ако можевме против Барселона, можеме и против Ливерпул. Евентуалниот пласман во финалето преку Ливерпул ќе биде еден вид одмазда за најболниот пораз во историјата на Рома. Во 1984 година во финалето на Купот на европските шампиони Ливерпул на „Олимпико“ на пенали ја победи Рома.

„Најважно е да бидеме како еден, тимот да функционира како семејство. Останаа уште 90 минути голема борба. Верувам дека можеме да одиме во Киев“, рекол Белгиецот Раџа Наинголан.
Ливерпул оваа сезона нема пораз во Лигата на шампионите, Порто во осмина-финалето падна со вкупни 5-0, потоа Манчестер сити беше елиминиран со вкупни 5-1, а Рома пет гола прими само во првиот меч.
Напаѓачкото трио Мане-Фирмино-Салах дејствува незапирливо, особено тоа важи за египетскиот репрезентативец, кој токму од Рома се пресели во Ливерпул.

„Знаеме дека ништо не е готово. Рома во финишот на првиот меч со два гола покажа дека не смееме да се опуштиме. Дојдовме во Рим да одиграме добар натпревар и да го потврдиме пласманот во финалето“, рекол Мохамед Салах.
Рома ќе игра во најсилниот состав, а кај Ливерпул ќе недостига само Алекс Оклслејд-Чембрлен, кој се повреди на првиот меч и ја заврши сезоната, а веројатно нема да игра ниту на Светското првенство.
Полуфиналниот реванш на „Олимпико“ ќе започне во 20.45 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико ќе гостува во Англија, ПСЖ оди на Челзи или Барса, можен дуел Реал-Сити
Познати се сите 16 учесници во осминафиналето, во овогодинешната Лига на шампиони. Вечерва пласман изборија: Аталанта, ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај.
Сите овие тимови одат на левата страна од костурот, исто како што победниците од вторникот (Атлетико, Њукасл, Баер Леверкузен, Боде/ Глимт) отидоа на десната страна.
Познато е кои противници можат да ги добијат победниците во баражот.
ПСЖ – Барселона/Челзи
Галатасарај – Ливерпул/Тотенхем
Реал Мадрид – Спортинг/Манчестер Сити
Аталанта – Арсенал/Баерн Минхен
Њукасл – Барселона/Челзи
Атлетико Мадрид – Тотенхем/Ливерпул
Боде Глимт – Манчестер Сити/Спортинг
Леверкузен – Арсенал/Баерн Минхен
Јасно е дека во осминафиналето ќе се играат неколку дерби натпревари.
– Европскиот првак ПСЖ оди на Барса или Челзи
– Атлетико и Галатасарај сигурно одат на Островот, едниот кај Тотенхем, а другиот кај Ливерпул
– Реал и Сити се надеваат дека ќе се избегнат еден со друг и ќе одат кај Спортинг, односно кај Боде/Глимт.
– Арсенал и Баерн, најдобрите два тима во првата фаза ќе имаат најлесни задачи, за противници ќе ги имаат Баер Леверкузен иј Аталанта.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одижи во петок.
Спорт
(Видео) Јуве сo играч помалку избори продолженија, но не успеа да го елиминира Галатасарај
Во реваншот од плејофот за Лигата на шампионите во Торино, Јувентус го победи Галатасарај со 3:2 по продолженијата, но на крајот турскиот тим се пласира во осминафиналето со вкупна победа 5:7.
Јувентус успеа да ја стигне предноста од три гола во регуларните 90 минути. Имаше зицер за водство во вкупниот резултат, но трагичаре Жегова. Бидејќи веднаш по тоа промашување, Виктор Осимен постигна гол за вкупна предност, а пласманот на галатасарај го потврди Јилмаз.
Она што изгледаше како невозможна мисија, Јувентус успеа да ја постигне за 90 минути. Успеа да победи со три гола разлика и да добие продолженија.
Таа почетна задача по резултатот на Истанбул од 5:2 беше уште потешка откако во 49-та минута, црвен картон доби Кели.
До тој момент, Јувентус доминираше. Имаше 58% посед на топката, девет удари кон голот, четири во голот и три големи шанс, и успеа да постигне гол од пенал во 37-та минута преку Локатели.
Сепак, ситуацијата на теренот не се промени значително. Гостите решија да ја одбранат својата предност и тоа скао ги чинеше. Прво Гати во 70-та минута, а потоа и МекКени во 82-та минута ја анулираа големата предност на турскиот тим.
Во продолженијата, целосен пресврт можеше да донесе Жегова, кој промаши изгледна шанса.
Галта ведаш казни, во 105-та минута, Виктор Осимен се извлече од офсајд за милиметар и ја протна топката низ нозете на Перин за 3:1 за Јувентус, но предност на Галата во вкупниот збир.
После тоа, динамиката на играта се промени, Јувентус се обиде, но залудно. А нокаутот следеше во 119-та минута кога, Јилмаз, постигна гол за пораз од 3:2, но вкупна победа и пласман во осминафиналето.
Турскиот шампион ќе игра против Тотенхем или Ливерпул во осминафиналето, а тоа ќе биде познато по ждрепката во петок.
Спорт
(Видео) Реал по пресврт ја победи Бенфика, ПСЖ на „мускули“ го елиминира Монако
Реал Мадрид и ПСЖ се пласираа во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Реал во реваншот ја победи Бенфика со 2.1, а ПСЖ одигра ннерешено со Монако 2:2.
Реал не блескаше против Бенфика, но одигра доволно добро за да се пласира в наредната фаза.
Рафа Силва го шокира „Бернабеу во 14-та минута, но Реал експресно возврати, по само 120 секунди кога Чуамени г изедначи реузлтатот. Во првиот дел Гулер постигна гол за Реал кој беше поништен поради офсајд во кој претходно се најде Гарсија.
Реал во вториот дел ја контролираше играта, без преголем ризик. Овој дел од натпреварот го обележаа повредата на Раул Асенсио, кој на носилки беше изнесен од теренот и голот на Винисиус во 80та минута.
Актуелниот првак, ПСЖ се мачеше со Монако и со мала помош на судијата Иштван Ковач успеа да го мине опонентот од Лига 1.
На истекот на првиот дел Акљуш погоди за 0:1 и за 3.3 во вкупниот резултат. Клучниот период на мечот се слуќи од 55-та до 59-та минута, кога поради два жолти картони исклучен беше Кулибали. Впечаток е дека судијата премногу строго му го додели вториот жолт картон.
Со играч повеќе, ПСЖ направи пресврт преку Маркињос и Кварацхелија. Во самиот финиш Тезе ги постави конечните 2:2.

