Спорт
Моќната Хрватска го разби Исланд, ѕверот Дибиров ги спаси Русите против Србија
Вториот меч од нашата група на СП во Данска и Германија донесе одличен ракомет, многу пресврти и на крајот победа на Хрватска од 31:27 (16:14) над Исланд за совршен старт на „каубојците“ на Мундијалот.
Тимот на Лино Червар уште еднаш ја продолжи традиц…

Вториот меч од нашата група на СП во Данска и Германија донесе одличен ракомет, многу пресврти и на крајот победа на Хрватска од 31:27 (16:14) над Исланд за совршен старт на „каубојците“ на мундијалот.
Тимот на Лино Червар уште еднаш ја продолжи традицијата – никогаш на големите натпреварувања немаат загубено од „рибарите“ и покрај тоа што во поголемиот дел од мечот силите беа израмнети. Хрватска имаше предност од два гола на полувремето (16:14) со одличната серија од 5:0, меѓутоа Исланѓаните во второто полувреме се вратија за да направат пресврт и да поведат со 24:22.
Сепак, Хрватите се вратија и покажаа дека во моментот имаат подобар тим во одлична завршница за на крајот да победат со големи четири гола разлика. Лука Степанчиќ имаше партија на кариерата со осум постигнати гола, а поранешниот вардарец Лука Циндриќ постигна шест гола. Кај Исланѓаните најефикасен беше Палмарсон со седум гола.

Тимур Дибиров блескаше за Русија да спаси 30:30 реми против Србија кога ракометарот на Вардар постигна неверојатни 11 гола за „зборнаја“. Србија имаше предност од два гола во финишот на натпреварот, но незапирливиот Дибиров се покажа како човек на одлука со голот на минута и 15 секунди пред крајот.
Првото големо изненадување на шампионатот го направија Аргентинците, кои успеаја да извлечат 25:25 реми против фаворизираната Унгарија во меч од групата Ц, а Австрија без мака со 29:22 беше подобра од Саудиска Арабија.
Фото: ЕПА
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДАНСКА/ГЕРМАНИЈА, 1. КОЛО
ГРУПА Б
Исланд – Хрватска 27:31 (14:16)
ГРУПА А
Србија – Русија 30:30 (16:16)
ГРУПА Ц
Саудиска Арабија – Австрија 22:29 (9:15)
ГРУПА Д
Аргентина – Унгарија 25:25 (10:13)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Даглас Луиз се врати во Астон Вила
Астон Вила мораше да реагира, на зимскиот пазар, поради големиот број повреди, па Унаи Емери сега повторно го доби Даглас Луиз.
Бразилецот не доби посебна шанса на позајмица во Нотингем Форест од Јувентус, поради што тој ги напушти „шумарите“, а Јувентус му дозволи да се врати во Астон Вила.
Даглас Луиз на овој начин се враќа во тимот на Емери по 18 месеци и трансферот во Јувентус, каде не се прослави.
Тој се пресели од Вила во Јувентус во летото 2024 година за дури 51.500.000 евра. Претходно го носеше дресот на Вила пет полни години, а интересно е што пристигна во Бирмингем од Манчестер Сити, каде што никогаш не доби вистинска шанса.
Вила сега го донесе на позајмица со опција за откуп во лето, но бројката не е позната.
Ова е големото враќање на капитенот, кој одигра дури 204 натпревари за Астон Вила, со улинок од 22 гола и 25 асистенции.
Луиз е ангажиран бидејќи сезоната заврши за Бубакар Камара, додека Мекгин и Тилеманс ќе бидат надвор од теренот неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шавјацарија го запре Исланд, натпреварот во Малме заврши без победник
Ракометната репрезентација на Швајцарија одигра нерешено со Исланд 38:38 (19:19) и ја искомплицира ситуацијата во борбата за полуфиналето во групата 2 на Европското првенство.
Швајцарија, која нема шанси да се пласира во полуфиналето, одигра одличен натпревар против Исланд и речиси дури триумфираше против фаворитите.
Предноста беше на страната на Швајцарците во поголемиот дел од натпреварот, најголемата разлика беше во два наврати во второто полувреме (26:23, 28:25, 35:32). Во исклучително драматичен финиш, Исланѓаните прво ја надоместија негативата од два гола, а потоа, кон крајот, имаа напад за победа на околу триесет секунди пред крајот.
За среќа на Швајцарија, Исланд не го искористи најважниот напад на натпреварот и натпреварот заврши без победник.
Леополд Ноам беше подобар за Швајцарците со седум гола од седум шута, Џино Стенертс постигна шест од исто толку обиди, Феликс Ален придонесе со пет.
За Исланд, Елији Видјарсон и Ори Фрајт Боркелсон беа најефикасни со по осум гола.
Нерешениот резултат на Исланд е добра вест за нивните ривали, Шведска, Хрватска и Словенија, репрезентации кои имаат по четири бода и до крајот ќе одиграат по два натпревари.
Спорт
Најмалку седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа
Страшна сообраќајна несреќа, се случи во Романија. Во несреќата загинаа седум навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК.
Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион доживеаја трагична судбина.
Според првите информации објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа седум лица, од кои пет се грчки државјани.
Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лигата на Европа, кое ПАОК го игра против Лион во четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.
Несреќата се случи на патот ДН6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓаше од Грција и одеше кон Франција со вкупно десет патници, се обиде да престигне друго возило.
Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што биол фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.
Во страшната несреќа учествувале вкупно четири возила – камион, минибус и два патнички автомобили.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.

