Спорт
Мурињо е главната пречка за трансфер на Ковачиќ во Јунајтед
Шпанскиот весник „Марка“, познат по својата блискост со Реал Мадрид, тврди дека хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ одбил трансфер од 60 милиони евра во Манчестер јунајтед само бидејќи не сака да работи со Жозе Мурињо.
Ковачиќ, кој на СП во Русија призна…


Шпанскиот весник „Марка“, познат по својата блискост со Реал Мадрид, тврди дека хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ одбил трансфер од 60 милиони евра во Манчестер јунајтед само бидејќи не сака да работи со Жозе Мурињо.
Ковачиќ, кој на СП во Русија призна дека сака да замине од Реал поради малата минутажа која ја добиваше под тренерот Зинедин Зидан, но сега на клупата на „Лос бланкос“ е Хулен Лопетеги и поранешниот фудбалер на Интер може да добие нова шанса.
Според „Марка“ на Ковачиќ не му „одговарал“ стилот на игра на клубот од „Манчестер јунајтед“ и би чекал подобра понуда.
„Кога не играм, не можам да сум среќен. Уживав во овие три години во Мадрид со неверојатни колеги и со трофеи, но навистина не играм многу“, изјави 24-годишниот Ковачиќ минатиот месец, откако во три сезони има само 37 настапи во шпанската лига.
El United ofrece 60 millones por Kovacic… pero el jugador no quiere ir a Old Trafford https://t.co/dAvUMfchxt Por @jigochoa pic.twitter.com/NAZwbQcCpU
— MARCA (@marca) August 1, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брансон е најдобар „Clutch“ играч во НБА

НБА го објави името на добитникот на наградата „Џери Вест“ која се доделува во последните три години.
Лауреат е Џејлен Брансон од Њујорк Никс, која доби најмногу гласови, веднаш пред второпласираниот Никола Јокиќ.
Станува збор за награда наречена „NBA Clutch Player of the Year“, односно за најдобриот играч во одлучувачките моменти од натпреварот.
Брансон навистина се истакна оваа сезона во неизвесните завршници и беше фаворит за освојување на овој трофеј, па немаше големо изненадување. Јокиќ беше и втор фаворит, кој го доби местото што се очекуваше пред објавувањето на конечните резултати.
Трет по бројот на гласови заврши Ентони Едвардс од Минесота Тимбервулфс.
Пред Бренсон, оваа награда која се доделува од 2023 година, оваа награда ја добија Стеф Кари и Диерон Фокс.
Спорт
(Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт

Бостон и Кливленд го одбранија домашниот терен, поведоа со 2:0 во сериите против Орландо односно Мајами, додека Хјустн изедначи на 1.1 против Голден стејт.
Актуелниот шампион Бостон Селтикс го победи Орландо со 109:100 и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум.
Натпреварот беше решен во третиот период во кој тимот од Масачусетс стекна предност од 15 поени. До крајот не дозволија ривалот да се спушти на помалку од осум поени.
Џејлен Браун постигна 36 поени, 10 скока и пет асистенции, додека Кристапс Порзингис забележа дабл-дабл со 20 поени и 10 скока. Банкеро со 32 и Франц Вагнер со 25 поени го предводеа Орландо.
Кливленд го победи Мајами со 121:112. Со мали проблеми во финишот, Кавалирс лесно славеа и поведоа со 2:0 во серијата.
Мичел со 30, Гарланд со 21 и Мобли со 20 поени беа најистакнати кај победниците, додека кај гостите како и обично во плејофот се истакна Тајлер Хиро со 33 поени.
Кошаркарите на Хјустон израмнија на 1:1 против Голден стејт со победата 109:94. Џејлен Грин го предводеше Хјустон со 38 поени, од кои осум тројки од 18 обиди. Тој имаше и шест асистенции, четири скока и три украдени топки.
Грин стана третиот играч во историјата на франшизата кој постигнал 35+ поени во плејоф натпревар на возраст под 23 години.
Тој им се придружи на Хаким Олајџувон кој го направи тоа четири пати и Џејмс Харден кој успеа само еднаш.
Алперен Шенгун постигна 17 поени, со 16 скока и седум асистенции, Дилон Брукс 16 поени.
Голден стејт во ниту еден момент не водеа, а од крајот на првата четвртина тимот без Џими Батлер кој при пад по прекршок ја повреди карлицата.
Најефикасен во тимот беше Стивен Кари со 20 поени, девет асистенции и пет скока. Тој стана 11-тиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 4.000 поени во плеј-офот.
Спорт
(Видео) Матета со магичен потег не дозволи триумф на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал ремизираа со Кристал Палас 2:2 (2:1) во малото лондонско дерби од 34. коло на англиската Премиер лига.
Домашните поведоа на „Емирати“ во третата минута кога Јакуб Кивиор беше највисок во скокот и со глава ја затресе мрежата на Палас.
Израмнувањето го донесе Еберечи Езе, во 27. минута, но Арсенал сепак со предност замина на одмор.
На три минути до одморот, во 42. минута, Леандро Тросар постигна гол.
Во вториот дел Арсенал успешно ја одржуваше стекнатата предност, до 83. минута кога го видовме најубавиот момент, веројатно во целото коло.
Жан-Филип Матета со удар од преку 20 метри успеа да го лобува Давид Раја и со тоа да ги постави конечните 2.2.
Арсенал со ова реми само ја одложи промоцијата на Ливерпул во нов шампион. „Топџиите“ имаат 67 бодови и доколку в сабота Ливерпул освои барем бод против Тотенхем, на четири кола до крајот и математички ќе ја освои титулата.