Спорт
Мурињо – Конте: „Борба“ за местото на Тухел во Баерн
Трите последователни порази на Баерн на гости, во директниот дуел за првото место во Бундес лигата со Леверкузен, првиот осминафинален натпревар со Лацио и, конечно, мечот со Бохум во недела попладне, европската фудбалска јавност ги виде како причина да се збогуваме со Томас Тухел.
Дали во текот на сезоната или во лето, во овој момент не е пресудно.
Клучно е кој ќе го наследи неубедливиот стручњак на клупата на славниот клуб и, судејќи по текстовите на водечките портали на континентот, две големи имиња „ќе се борат“ за позицијата на Тухел.
Инаку, тоа се стари ривали, кои имаат нерешени проблеми од минатото – Жозе Мурињо и Антонио Конте.
Првиот е на слобода од неодамна, откако доби отказ од Рома и рече дека целта му е еден ден да работи (и да ја освои титулата) во Германија додека беше на врвот на славата.
Другиот е без клуб речиси една година и освен повремено појавување на трибините на италијански стадион, јавно не проговорил за желбата еден ден да раководи со некој бундеслигаш.
Меѓутоа, денеска „Билд“ ја пренесе приказната дека Конте преку својот агент испратил јасни сигнали до клучните луѓе на „Алијац Арена“, со намера да ја земе предвид неговата кандидатура.
Претходно во сезоната, Конте беше поврзуван со Милан, Јувентус и Наполи, но ништо не се реализираше, дури ниту кога претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го замени Руди Гарсија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

