Спорт
Му ги конфискуваа скапите автомобили и снукер-масата на Роналдињо (галерија)
Роналдињо продолжи со конфликтот со бразилските власти, откако државата Рио Гранде до Сул му ги конфискуваше луксузните автомобили и друг имот од неговиот дом во Порто Алегре, вклучувајќи уметнички дела и маса за снукер.
Поранешниот фудбалер на Барсело…

Роналдињо продолжи со конфликтот со бразилските власти, откако државата Рио Гранде до Сул му ги конфискуваше луксузните автомобили и друг имот од неговиот дом во Порто Алегре, вклучувајќи уметнички дела и маса за снукер.
Поранешниот фудбалер на Барселона и светски шампион со Бразил е обвинет дека заедно со неговиот брат Роберто граделе нелегално платформа за рибарење во февруари 2015 година, по што добија казна од 8.5 милиони бразилски реали (околу 2 милиони евра).
Заедно со компанијта „Рено констракшн“, Роберто и Роналдињо граделе рибарска платформа на заштитеното езеро Гуајба без дозвола, и откако не ги платиле „комуналиите“, државата реши да му ги замрзне банкарските сметки и побара одземање на пасошот.
Иако на неговата сметка имаше само 24.63 бразилски реали (околу 5 евра), се верува дека 38-годишниот Роналдињо има пари да ја плати казната, но дека одбива да го направи тоа.
„Одделот за заштита на животната средина во Порто Алегре во средата наутро, со налог за барање и одземање на возилата и друга луксузна роба влезе во домот на Роберто де Асис Мореира. При извршувањето на налогот се пронајдени три луксузни возила, уметничко дело од артистот Андре Берардо, како и други луксузни работи, како телевизори и снукер-маси“, се вели во соопштението на обвинителството.

Одземен пасошот на Роналдињо, должи 2 милиони евра, на сметка има 5 евра!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA
Спорт
Астон Вила извиси, Галагер се сели во Тотенхем
Конор Галагер го напушта Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во Астон Вила туку во Тотенхем.
Играчот редот за врска, за чии трансфер пред 18 месеци од Челзи, „јорганџиите“ издвоија 42 милиони евра, не се снајде во системот на Чоло Симеоне.
Атлетико даде дозвола трансферот да биде реализиран.
Инаку, во текот на вчерашниот ден информациите говореа дека Галагер ќе оди кај Унаи Емери во Астон Вила.
Планот се смени во последен момент, бидејќи Тотенхем се јави да го октупи договорот на Галагер, нешто што Вила не сакаше да го направи. Клубот од Бирмингем понуди два милиони евра за позајмица, со право на откуп по завршувањето на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Галагер во текот на денот ќе пристигне во Лондон, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе потпише договор со Тотенхем.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.

