Спорт
Надал помага на жртвите од поплавите на Мајорка
Светскиот број 1, Рафаел Надал ја понуди сопствената тениска академија за сместување на луѓето погодени од поплавите на островот на Мајорка, кои досега земаа пет жртви.
„Рафаел Надал академијата“ понуди сместување на 50-тина луѓе досега и самиот Надал …

Светскиот број 1, Рафаел Надал, ја понуди сопствената тениска академија за сместување на луѓето погодени од поплавите на островот на Мајорка, кои досега земаа пет жртви.
Академијата „Рафаел Надал“ понуди сместување на 50-тина луѓе досега и самиот Надал преку Твитер ги повика тие кои имаат мака да се обратат кај неговите луѓе.
„Тажно време во Мајорка. Моето искрено сочувство за роднините на починатите и повредените по сериозните поплави во Сан Љоренц. Како и вчера, продолжуваме да помагаме каде што можеме со сместување“, вели Надал.
Día triste en Mallorca. Mi más sincera condolencia a los familiares de los fallecidos y heridos por las graves inundaciones en San Llorenç. Tal y como hicimos ayer volvemos a ofrecer hoy las instalaciones de @rnadalacademy para todos los afectados que necesiten alojamiento
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џекири од ЦСКА во Партизан
Тоње Џекири е нов кошаркар на Партизан, потврди клубот на социјалните мрежи.
Спортскиот сектор на црно-белите брзо реагираше на заминувањето на Тајрик Џонс во Олимпијакос.
Негова замена ќе биде 31-годишен Нигериец, кој го носеше дресот на ЦСКА Москва од 2023 година.
Пред епизодата во Русија, тој играше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче во Евролигата. Одигра 106 натпревари во Евролигата, со просек од 6,8 поени и 5,5 скока по натпревар. Оваа сезона во дресот на ЦСКА имаше учинок од 7,7 поени и 4,7 скока.
Џекири беше член на Универзитетот во Мајами четири години, но не беше избран на драфтот на НБА во 2016 година. После тоа, тој замина во Европа, каде што собираше искуство во Бандирма, Остенде и Газиантеп пред да се приклучи на елитата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед утрово донесе (не)очекувана одлука да го отпушти менаџерот Рубен Аморим.
Лошите резултати во последните два натпревари (против Вулверхемптон и Лидс) и нарушените односи со директорот за фудбал во клубот, Џејсон Вилкокс, се само дел од причините за отказот.
Главната се чини дека е вчерашната прес конференција, по ремито во Лидс, кога менаџерот даде изјава и демонстратвно ја напушти прес салата.
„Не се викам ни Томас Тухел, ни Антонио Конте, ни Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.
Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим.
🚨💣 BREAKING: Rúben Amorim has just been SACKED by Manchester United.
Decision made this morning. pic.twitter.com/Xmz3x8mkO6
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 5, 2026
„Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим од функцијата главен тренер. 40-годишниот Португалец е информиран за одлуката и заминува веднаш по 14 месеци, поради затегнати односи. Се очекува Дарен Флечер привремено да биде предвоник на првиот тим“, напиша новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орштајн.
Португалскиот стручњак го презеде Јунајтед на 11 ноември 2023 година, откако дојде од Спортинг Лисабон. Аморим го водеше Јунајтед во 63 натпревари, оствари 25 победи, 15 нерешени и 23 порази.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Тренерката на Мадуро е идентична со опремата на клуб од Ла Лига – Експресно е распродадена
Тренерката „Најки“ што ја носеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро во моментот кога беше уапсен од американските војници привлече огромно внимание на јавноста, откако корисниците на социјалните мрежи забележаа дека изгледа речиси идентично со спортската облека на фудбалскиот клуб Мајорка.
Мадуро се појави во јавноста во сива тренерка со црни детали, што веднаш ги потсети навивачите на дресот на Мајорка.
Разликата е во тоа што верзијата на Мајорка го има грбот на клубот извезен на градите, додека остатокот од дизајнот е практично идентичен со оној што го носеше венецуелскиот претседател.
Станува збор за тренерка „Најки“ направена од рециклирани материјали. Горниот дел се продава за 99,99 евра, додека долниот чини 55,99 евра, што значи дека комплетот чини 155,98 евра.
Поради огромното медиумско внимание и виралноста на фотографиите, тренерката се распродаде на официјалната веб-страница на „Најки“ за само неколку часа. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за необичната врска помеѓу Мадуро и фудбалерите на Мајорка.
Foto: X

